за

Ми-Да Гранд Моторс свечено го одбележа новиот старт на Hyundai

Ми-Да Гранд Моторс свечено го одбележа новиот старт на Hyundai
Ми-Да Гранд Моторс свечено го одбележа новиот старт на Hyundai

Од почетокот на годинава Hyundai е нова марка во портфолиото на Ми-Да Гранд Моторс. Салонот е полн, обезбеден е парк со демо возила, сервисот функционира, вебсајтот информира, сето тоа јавноста го поздрави на свеченото отворање на новиот салон, веднаш до салонот на Ford.

Сите активности поврзани со марката Hyundai на македонскиот пазар, од 1-ви јануари 2020 година се во надлежност на новиот импортер Ми-Да Гранд Моторс. Вчера со пригодна свеченост беше отворен новиот салон на Hyundai, во рамките на центарот што автомобилската компанија со долга традиција го отвори летоска на улица Босна и Херцеговина бр. 1. Во центарот се наоѓа и овластениот сервис за корејската марка.

Како што во својот говор посочи генералниот директор на Ми-Да Гранд Моторс, Дритон Заири, компанијата станува сериозен автомобилски центар каде може да се купат возила од брендовите Ford и Hyundai, како и да се набават користени возила од сите брендови што се продаваат под балканскиот бренд Аутото.

„Навистина сме горди што во нашиот автомобилски центар отсега ќе можеме да ги нудиме возилата од брендот Hyundai. Тоа зборува за сериозноста на Ми-Да Гранд Моторс да биде прва на балканскиот пазар и за нашиот сериозен пристап кон работењето со светски брендови. Ова ја покажува и нашата сериозност да понудиме квалитетен сервис за нашите клиенти, да понудиме врвна услуга и да создадеме задоволни клиенти. Ги повикуваме граѓаните да создадат ново искуство во автомобилскиот свет“, рече Заири пред присутните гости на отворањето на новиот продажно-сервисен центар за Hyundai .

New item by Automedia MK / Google Photos

Тоа што посебно го нагласуваат во новиот увозник на Hyundai, во интерес на заштита на сопствениците на возило од марката и со оглед на долгиот гаранциски период, е сервисирањето на возилата да се врши во новиот сервисен центар за марката во рамките на центарот на Ми-Да Гранд Моторс.

Ми-Да Гранд Моторс го презема и сервисирањето на возилата Hyundai што се во гарантен рок, сопствениците на овие возила треба да бидат внимателни околу кампањата што претходниот увозник ја води на социјалните мрежи

Вообичаено за македонските услови на бизнис делување, претходниот увозник ги користи социјалните мрежи и пласира извесни дезинформации, веројатно со цел да го „поздрави“ новото импортерство на Ми-Да. Во следното нема простор за двоумење: Сопствениците на автомобил Hyundai што е под гаранциски период, отсега сервисирањето на возилото треба да го препуштат на новиот сервис за марката во рамките на Ми-Да, затоа што производителот во спротивно нема да ја признае гаранцијата, односно барањето за остварување на правото за гаранција.

New item by Automedia MK / Google Photos

Демо-возилата се подготвени во Ми-Да, персоналот на Hyundai со задоволство ќе излезе во пресрет на барањата за пробно возење.

Во меѓувреме е пуштен и новиот вебсајт www.hyundai-mk.mk

Понудата ја сочинуваат следниве модели, ги наведуваме цените на основните моделски изведби, со вклучен нов данок за возила кој важи од 1-ви јануари:

Hyundai i20 1.2 Comfort, мотор 1,2 л. 84 КС, 11.900 евра

Hyundai i30 1.4 Comfort, мотор 1,4 л, 100 КС, 14.900 евра

Hyundai i30 1.4 Wagon Comfort, мотор 1,4 л, 100 КС, 15.400 евра

Hyundai Elantra 1.6 GL Comfort, мотор 1,6 л, 127 КС, 15.200 евра

Hyundai Kona 1.0 T-GDI Base, мотор 1,0 л, 120 КС, 15.890 евра

Hyundai Kona 1.6 T-GDI Style, мотор 1,6 л, 177 КС, менувач 7DCT, 19.890 евра

Hyundai Kona 1.6 CRDI Style, мотор 1,6 л, 115 КС, 19.390 евра

Hyundai Kona 1.6 CRDI Style, мотор 1,6 л, 136 КС, менувач 7DCT, 20.690 евра

Hyundai Tucson 1.6 GDI Style 2WD, мотор 1,6 л, 132 КС, 18.900 евра

Hyundai Tucson 1.6 T-GDI Premium, мотор 1,6 л, 177 КС, 24.200 евра

Hyundai Tucson 1.6 CRDi Style 2WD, мотор 1,6 л, 115 КС, 22.200 евра

Hyundai Tucson 2.0 CRDi Premium 4WD, мотор 2,0 л, 185 КС, 28.200 евра

Hyundai Santa Fe 2.0 CRDi Premium 4WD, мотор 2,0 л, 185 КС, 41.500 evra

https://www.instagram.com/p/B7Y4fSMhTgK/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Vitara X-90

Најоригиналниот модел на Suzuki на сите времиња, дефинитивно

mitsubishi space star fl

Три осумки за новото моделско годиште на Mitsubishi Space Star