за

Hyundai Kona Electric ќе се произведува и во Чешка

Hyundai Kona Electric ќе се произведува и во Чешка
Hyundai Kona Electric ќе се произведува и во Чешка

Заради скусување на рокот на испорака, Hyundai дополнително ќе ја произведува електричната изведба на својот кросовер Kona и во фабриката во Ношовице, Чешка.

Hyundai го засилува темпото на својата офанзива со електрични модели. Од март 2020 година, во фабриката на Hyundai во Ношовице, Чешка, стартува дополнителното производство на Kona Electric.

Со овој чекор, корејскиот производител трикратно го зголемува производствениот капацитет на електричниот кросовер за своите клиенти во Европа. Во исто време се зголемува и продукцијата во фабрикат во Улсан, Јужна Кореја. На тој начин Hyundai реагира на растечката побарувачка за електрични возила во Европа и значително го скусува рокот на испорака.

Од почетокот на продажбата во 2018 година, побаруавачката за електричната изведба на Kona ги надминува сите очекувања. Покрај овој модел, Корејците го нудат и Ioniq Electric, како и автомобилот со погон на водород Nexo

Со големувањето на капацитетите, Hyundai годинава ќе испорача повеќе од 80.000 возила со нулта емисија на штеетни материи за своите клиенти во Европа. Планот е компанијата уште во текот на годинава да прерасне во најголем продавач на возила со чиста емисија во Европа.

Kona Electric постигнува досег до 449 километри (според WLTP). Во актуелното моделско годиште, мделот стандардно поседува сопствен полнач со моќност од 11 киловати, со когошто полнењето се скусува за 50 проценти.

На повеќето пазари во Европа и ширум светот, постојат масивни субвенции за автомобилите со нулта емисија на штетни материи. Во Македонија, со стапувањето на новиот закон за данок за возила, електричните возила се ослободени од данокот и од еколошката такса, но не се предвидува субвенција. За плагини-хибридните модели се плаќа само половина од висината на данокот.

https://www.instagram.com/p/B3rUrsNH–P/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Франкфурт бара замена за авто-салонот, хотелите мора да се полнат

Франкфурт бара замена за авто-салонот, хотелите мора да се полнат

Kia го има единственото компактно комби со плагин-хибрид

Kia го има единственото компактно комби со плагин-хибрид