153
20 shares, 153 points

Hyundai Ioniq Hybrid и Ioniq Plug-in-Hybrid летово ќе стартуваат со продажба во освеженото моделско годиште. Новите модели се препознаваат по сменетиот изглед на маската, новите бандажи, преработените диодни дневни светла и впечатливата хромирана лајсна долу во браникот. Промените назад се сведуваат на изгледот на браникот.

Со неколку плус ставки во опременоста, вклучувајќи и нови функции во подрачјето на конективноста, соодветно се очекуваат и повисоки цени за новите модели.

Внатре е забележливо освежувањето во арматурната табла, а прво се забележува издвоениот средишен дисплеј од осум инчи. Во новото моделско годиште на двете хибридни изведби на Hyundai Ioniq со доплата се вградува посовремен инфо-забавен и навигациски систем.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Возачот може да повикува најразлични податоци преку новиот Hyundai Blue-Link. Неколку промени во работата на погонската спрега доаѓаат од верзијата на Ionic со електричен погон. Тоа се однесува на можноста за менување на силата на таканаречената рекуперациска сопирачка со помош на лопатките зад воланот, кај Ioniq Plug-in-Hybrid. Електричната паркирна сопирачка исто така пристига од Ionic Electro.

Системот за самостојно запирање при опасност сега реагира и на велосипедисти, а приспособливиот темпомат сега располага и со функција за застој, со самостојно поаѓање и запирање. Новитети се и камерата за знаци и системот за следење лента со активен зафат во управувањето.

Четириметарски СУВ од Hyundai за САД и Азија

Се јавија и тјунерите за Hyundai i30 N: Преку 400 КС

Hyundai прикажува кокпит од следната генерација

Hyundai Ioniq им носи струја на електромобилите со празна батерија


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *