за

Hyundai Ioniq им носи струја на електромобилите со празна батерија

hyundai-ioniq mobilen polnac

Hyundai Ioniq служи како подвижен полнач за струја за електромобилите чијашто батерија е испразнета. Проектот се одвива во германските градови Хамбург и Дуизбург. Возењето продолжува по само 15 минути полнење под висок напон

Две возила Hyundai Ioniq во верзијата со електричен погон служат како таканаречен „мобилен полнач“ во проектот што се одвива со автоклубот АДАК, на поширокото подрачје на германските градови Хамбург и Дуизбург.

Електричен автомобил со празна батерија не смее да се турка или да се влече на класичниот начин. Од тие причини, мобилните полначи на Hyundai пристигаат до електромобилот кој не може да го продолжи возењето и ја полнат батеријата на самото место. Услугата засега е наменета само за сопствениците на возилата на Hyundai со плагин-хибриден или електричен погон.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Постапката се води под V2V-Charging (Vehicle to Vehicle). Возилото што пристига на помош ја користи енергијата во сопствената батерија за полнење на возилото во „дефект“. Во рок од само 15 минути се постигнува наполнетост на батеријата за 25 километри пат. Тоа би требало да е доволно да се извози до најблискиот полнач за струја.

Возачите на електричниот Hyundai Ioniq не мора да се грижат за досегот, имаат на располагање енергија за 280 километри

Секако дека и возилото донатор е заштитено од целосно празнење и може да испорачува енергија се додека сопствениот преостанат досег не се сведе на 100 километри. Hyundai Ioniq Electric поседува досег од 280 километри со полна батерија.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во меѓувреме со трето возило се придружи и локалниот дилер Зангл од гратчето Ландсберг ам Лех, кој за две години продал 500 примероци од Ioniq Electric. Тој практично им помага во неволја на сопствените клиенти.

Германските марки со послаб удел кај електричните автомобили

Volkswagen ќе постави 2.400 полначи за електромобили во Британија

Кинеска фирма произведува нов вид батерии за електромобили

На производителите им снемува електронски компоненти

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Focus продажба

Топ 25 најпродавани модели во Европа во февруари

камионски гуми вештачки каучук

Гумите со вештачки каучук подобри од „природните“