136
39 shares, 136 points

Најголемото признание за спортските модели е кога ќе реагира тјунерската сцена и ќе понуди преработка за извлекување уште поголема моќност. Германски турбо-специјалисти нудат кит со когошто стандардните 275 КС на Hyundai i30 N „растат“ на преку 400 КС.

Кај спортската изведба на Hyundai i30 N нема замерки. Возните својства се в ред, водечките медиуми на автомобилската сцена го признаваат компактот како еден од најсериозните предизвикувачи на конкуренцијата, имиџот на Корејците расте до облаци. Како што отсекогаш било ред, по пример на Ford Focus RS, Mitsubishi Lancer Evo или Subaru Impreza WRX STi, највредното признание за спортските модели следи кога тјунерските работилници ќе се јават на сцената со кит за натамошно зголемување на перформансите.

Германските специјалисти Turbozentrum понудија три степени на преработка на серискиот Hyundai i30 N. Секако дека вниманието го привлекува само најсилниот степен, во случајов со преку 400 КС, место стандардните 275 КС од дволитарецот. Турбо-компресорот однадвор личи стопроцентно со оригиналниот, но внагтрешниот „живот“ се разликува драстично. Со примена на техника и искуства од мотоспортот, извлечен е максимумот од турбо-компресорот, без притоа да се жртвува возливоста во секојдневието.

Turbozentrum ја постигнува екстремната моќност зашто е меѓу ретките специјалисти што соодветно ја преработуваат и страната на издувот

Роторот на компресорот е изработен од алуминиум, дополнително е олеснет и изведен е со таканаречени „продолжени врвови“. Соодветно се преработува и куќиштето на компресорот, за оптимални зјаеви и струење. Роторот е поголем од стандардниот, а соодветно е преработена и страната на издувот. Единствено последниов чекор овозможува постигнување моќност од преку 400 КС. Преработката се заокружува со зајакнато радијално и аксијално лежиште.

Китот во овој степен на моќност чини 2.400 евра, односно 1.600 евра доколку се користи постојниот турбокомпресор. Секако дека треба соодветно да се приспособи и софтверот. Тјунерите од Turbozentrum генерално препорачуваат при преоѓањето на екстремниот степен на моќност да се смени соодветно и целиот издув, да се вгради поголем интеркулер и да се користи модифициран вшмукувачки тракт.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

136
39 shares, 136 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *