144
19 shares, 144 points

Кога производителите сакаат да покажат колку се гордеат на некој модел, обично изведуваат специјална серија. Hyundai i30 N Project C е полесен 50 kg, тежиштето му е десетина милиметри пониско и има ексклузивни детали. Цената исто така е ексклузивна.

Има новитет на штандот на Hyundai на салонот во Франкфурт, што не вози на струја и не најавува нова технологија, а сепак привлекува внимание. Hyundai i30 N Project C е посебна изведба на спортскиот топ-модел, наменета за возачите што се разбираат во спортското возење. „Project C“ ќе се изработи во 600 примероци, од кои дури 500 ќе завршат во Германија.

Главните зафати се во смалувањето на тежината и дополнителното скрутување на подвозјето. Спортскиот компакт е 50 kg полесен од стандардниот „N“ и подвозјето е спуштено 6 милиметри. Верно за ексклузивна серија, во внатрешноста се изведени неколку посебни детали. Во моторот ништо не е менувано, дволитарскиот турбо и натаму ослободува 275 КС и 353 њутнметри, односно краткотрајно 378 Nm.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Заштедата од 50 kg се должи на примената на карбон, што е првпат во Hyundai. Хаубата (-7,2 kg), праговите (- 499 g х2), предниот спојлер (+240 g), задниот дифузор (-386 g), сето тоа е изработено од лесниот и скап материјал. Оттаму доаѓа и „C“ во ознаката, за Carbon. И тежиштето на i30 N се спушти за 8,8 милиметри.

Карбон има и во конструкцијата на седиштата, бандажите OZ носат заштеда од 22 килограми

Кованите бандажи потекнуваат од тркачката серија на OZ и исто така придонесуваат за смалување на инерцијалните сили. Заштеда од 22 килограми доаѓа само од бандажите, и покрај нивниот пречник од 19 инчи. Од седиштата доаѓа заштеда од по 7,5 килограми. Тие се од серијата Competition на Sabelt, со обично рачно местење и со задна облога од карбон.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Каросеријата е спуштена за 6 милиметри со фино дотерување на постоечките амортизери од i30 N, заедно со покуси и покрути пружини. Главите на задните тркала носат натамошна заштеда од 4,66 килограми, затоа што кај „C“ се изработени од алуминум. Во багажникот е додадено попречно зајакнување, со цел да се подобри балансот во брзи наизменични свијоци.

Околу цената: За германскиот пазар, таа изнесува 43.000 евра.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
19 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *