за

Hyundai i10 сака да се вмеша во надлежноста на Fiat Panda

Hyundai i10 mk3
Hyundai i10 mk3

Новиот Hyundai i10 првпат ќе се појави пред светот на салонот во Франкфурт. Соодветно на целната група, главно внимание е посветено на поврзувањето со мобилниот телефон.

Третата генерација на Hyundai i10 ќе има светска премиера на салонот ИАА во Франкфурт. Според корејскиот производител, моделот најмногу заслужува внимание со динамичниот изглед, со поврзувањето со преносни уреди и со безбедносната опрема.

Исто како претходникот, новиот i10 е развиен и дизајниран во Европа, и ќе се произедува тука. Каросеријата има различни пропорции од порано, поради покривот што е понизок за 20 милиметри и ширината што порасна за исто толку. Пречникот на бандажите досега до 16 инчи. За малечок автомобил е примерен коефициентот на отпор на воздух 0,31.

New item by Automedia MK / Google Photos

Повпечатливи детали во кокпитот се светлите површини кои преоѓаат од арматурната табла во вратите и на тој начин прават кабината да изгледа пошироко. Меѓуоскиното растојание порасна, а со тоа може да се очекува и повеќе простор внатре. За чувството на просторност ќе помогне и тоа што работ на предните прозорци е за 11 mm пониско (13 mm назад). Зафатнината на багажникот од 252 литри е вообичаена во класата. Со доплата може да се нарача и камера за рикверц.

Димензии · Hyundai i10

Должина (mm)

3.670

Ширина (mm)

1.680

Висина (mm)

1.480

Меѓускино раст. (mm)

2.425

Багажник (L)

252

Младите купувачи најмногу ќе ги интересира поврзувањето и користењето на мопбилните апликации. Средишниот дисплеј од 8 инчи е најголем во класата. Системот подржува Apple CarPlay и Android Auto. Телефонот може да се полни и безжично, во поопремените нивоа.

New item by Automedia MK / Google Photos

Под хаубата ќе работи 1,0-литарски трицилиндарец со 67 КС и 96 Nm вртежен момент, или 1,2-литарски четирицилиндарец со 84 КС и 118 Nm. Освен со петстепен мануелен менувач, двата мотори може да се испорачаат и со роботизиран петстепен менувач.

Старт-стоп е сериски, а посебно се нуди и изведба со пакет Eco. Оваа варијанта на новиот Hyundai i10 има подолг пренос и бандажи од 14 инчи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

производство на батерии електрични автомобили

Девет европски држави во сојуз за производство на батерии

mercedes citaro hybrid bukurest

Букурешт ќе добие 130 хибридни автобуси Mercedes Citaro