за

Hyundai со девет нови модели во 2015 година

Меѓу деветте нови модели за 2015 година ќе се најде и купе изведбата од штотуку претставениот Hyundai i20

Корејскиот гигант најавува вкупно девет нови модели и моделски изведби за следната година. Претходно, во декември, ќе стартува и новата генерација на Hyundai i20.

Со почетокот на продажбата на новиот Hyundai i10 на европскиот пазар, којшто е најавен за декември, корејскиот гигант се подготвува за големата моделска офанзива што ни претстои во следната година. Hyundai денес најави дека во 2015 година ќе претстави вкупно девет нови модели и моделски изведби. Со тоа, до крајот на следната година, Корејците целосно ќе ја обноват моделската гама во Европа за период од само две години. Во рамките на моделската стратегија „Product Momentum 2017“ веќе е започната европската продажба на лимузината Genesis, а на салонот во Париз доживеа светска премиера и новата генерација на Hyundai i20. Во петгодишниот план до 2017 година, Hyundai ќе претстави вкупно 22 нови модели и моделски изведби.

Hyundai веќе десет години се наоѓа редовно на списокот на 100-те најуспешни марки во светот, според Interbrand. Консултантскаа компанија вака го образложува високиот пласман на Hyundai: „Компанијата Hyundai нуди единствени комфорни функции во се повеќе возила и со тоа ги подобрува чувството во возењето, како и задоволството на клиентите. Денес продуктите и нивниот дизајн се поважни за реномето на марката отколку нивната цена.“ Вредноста на марката Hyundai актуелно се проценува на 10,4 милијарди долари, а марката моментно е на седмото место на највредни автомобилски марки во светот, покрај големите имиња како Audi и Porsche.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бразилска инспирација за новиот дизајн на Nissan

Mini ќе плаќа отштета за лажираната потрошувачка во САД