за

Hyundai Kona Electric го симна кинескиот електромобил од врвот

Hyndai Kona Electric го симна кинескиот електромобил од врвот
Hyndai Kona Electric го симна кинескиот електромобил од врвот

Рекордот за најголема висина постигната со електричен автомобил отсега ѝ припаѓа на Hyundai Kona Electric. Новата вредност што ќе треба да ја надминат идните претенденти изнесува 5.731 метри надморска висина.

Hyundai Kona Electric постави гинисов рекорд искачувајќи се на висина од 5.731 метри, со што го подобри претходниот рекорд од 5.715,28 метри на кинескиот Nio ES8, за најголема висина постигната со електричен автомобил. Двете рекордерски возења се случуваа на Тибет, но Hyundai беше прв што се искачи на превојот Савула и со тоа го победи Nio, кој ланскиот потфат го реализираше на Пурог Кангри.

Со ова исклучително постигнување се соборуваат митовите околу тоа дека батеријата на електричните автомобили е премногу чувствителна на студ и капацитетот се смалува драстично. Електричната Kona се соочуваше со студ, постојано паѓање снег и смрзнат асфалт.

За полнење на батеријата во текот на ноќта се користел само обичниот полнач што следува со автомобилот и се поврзува на обичен ѕиден приклучок. Тимот потврдува дека не било забележано намалување на перформансите при искачувањето. Спуштањето надолу, како со секој електричен автомобил, не само што минува без трошење енергија, туку и се „произведува“ енергија, што се акумулира во батеријата и на тој начин се продолжува досегот.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Land Rover Defender voda

Jaguar Land Rover со смалена продажба, се укинуваат смени

фабрика словачка Kia Motors

Словачка произведува најмногу автомобили по жител во светот