128
18 shares, 128 points

Американската марка беше згасната во 2010 година, но е можно да се врати наскоро. General Motors планира да ја врати марката со бескомпромисните теренци Hummer во живот. Во еден многу важен детал, новиот Hummer ќе биде многу поразличен од стариот.

Американскиот концерн General Motors планира нов старт за марката теренски возила Hummer, којашто беше згасната во 2010 година. Под знакот на прочуената марка, во иднина ќе се продаваат престижни СУВ-модели и пикапи со електричен погон. Информацијата ја објавија агенциите Reuters и Bloomberg.

Враќањето на марката се планира да биде објавено преку реклама за време на прочуениот „супербоул“, на финалето во безбол во почетокот на февруари. Во рекламата ќе се појави кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс.

Според објавите на агенциите, големите модели со електричен погон ќе го носат логото на GMC, под коешто General Motors ги продава своите големи пикапи на пазарот во САД. Моделите ќе се водат под името „Hummer by GMC“.

Првите гласини за можното враќање на Hummer се појавија уште лани, во октомври. Тогаш се шпекулираше дека производството ќе стартува кон крајот на 2021 година. Засега нема официјална потврда од концернот.

Марката Hummer има длабоки корени како производител на возила за американската војска и постигна впечатлив пазарен успех, кој достигна и светски рамки, но со текот на времето почна да добива остри напади од еколошките организации, поради високата потрошувачка на гориво. Од тие причини, марката беше згасната пред десет години. Враќањето на Hummer како марка електрични возила ќе претставува целосна пресвртница.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

128
18 shares, 128 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *