за

Hummer во опасност од пожар: 200.000 примероци на поправка во сервис

Американци, Канаѓани и Мексиканци со Hummer паркиран пред куќа нека си ги проверат поштенските сандачиња. General Motors повикува во сервис 200.000 возила од цврстата марка.

General Motors штотуку објави масовен сервисен повик на 780.000 спортски теренци од своите марки, па потоа и за дефектните примероци на Opel Insignia Sports Tourer, за сега да следува уште еден аларм за сопствениците на возила. Поради опасност во возилото да избие пожар, 196.379 примероци од марката Hummer мораат принудно да ги посетат сервисните работилници. Досега се регистрирани 42 случаи на пожар во Hummer, како и на три жртви со здобиени изгореници. Најголемиот дел од возилата, односно 164.993 примероци се од моделот H3 и H3T, коишто се продадени во САД, Канада и Мексико. Секако дека сервисниот повик се однесува и на возилата што како користени ја напуштиле територијата на Северна Америка, за што сопствениците ќе мораат сами да проверат во сервисите. Во 2009 година, General Motors ја згасна марката Hummer.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Insignia назад во сервис: Капакот може да падне на глава

Toyota Sienta во оригинален јапонски стил