за

Кинеската претседателска марка Hongqi на преродба во Минхен

hongqi dizajnersk centar evropa

Кинеската „Црвена Застава“ во следните неколку години ќе прерасне во луксузна марка за светскиот пазар. Поранешен дизајнер од Rolls-Royce ќе раководи со преродбата на марката Hongqi, од центарот во Минхен

Жил Тејлор, поранешниот дизајнер на Rolls-Royce, а претходно и на PSA и Mercedes, ќе има клучна улога во трансформацијата на некогашните лимузини на кинеските комунистички лидери во нова премиум марка. Hongqi или Red Flag, или „Црвена Застава“, во петокот (2-ри ноември) го отвори својот прв дизајнерски центар надвор од Кина, кој е лоциран во Минхен, во едно од седиштата на германската продукција на премиум автомобили.

Историјата на марката Hongqi се одвива приближно вака: Претседателот на кинеската комунистичка партија Мао Це Тунг своевремено не сакал да патува низ земјата во автомобили од странски марки. Така е основано државното претпријатие Hongqi, коешто во 1958 година почнува со производство на претседателски лимузини за Партијата и за владините институции.


Стилската основа за актуелниот знаменосец уште потекнува од моделите од 1960-те години

Првите два модела, CA 72 и неговиот наследник CA 770, годинава дури земаа учество на собирот на најскапите и најважни олдтајмери во Пебл Бич. Но, чекорот што сега го презеде кинеската марка е многу повеќе од парадирање по терените за голф во Калифорнија. Hongqi штотуку го отвори својот прв дизајнерски центар надвор од државата, во Минхен, баварската престолнина и дом на баварската автомобилска гордост, BMW.

Минхен е избран како локација поради непосредниот пристап до широката мрежа од добавувачи и поради добрите авионски врски со Кина. Мала е веројатноста дека тоа е една од причините за изборот, но главниот креативец на Hongqi, Жил Тејлор, до пред неколку седмици беше главен дизајнер на Rolls-Royce, кој му припаѓа на BMW. Плановите на Кинезите се далеку од скромни. Hongqi треба до 2020 година да ја зголеми продукцијата на 100.000 возила, а потоа и на 300.000 возила до средината на деценијата.

Hongqi ќе претстави 17 нови модели во следните неколку години

Жил Тејлор, како врвен дизајнер што достигнал да создава за Rolls-Royce, неопходен е за кинеската марка со големи планови. Hongqi нема искуство со дизајнирање автомобили, бидејќи во сиве изминати години има работено со само еден дизајн. Последниот модел е Hongqi L5, кој датира од 2012 година. Шестметарската државничка лимузина вози со V12 со 408 КС и шест литри работна зафатнина. Помалиот модел Hongqi H7 е базиран врз Toyota Crown, когошто FAW – концернот на кого му припаѓа Hongqi – го произведува во мешовита компанија за кинескиот пазар.


Можеби на идните шефови што се возат во Hongqi ќе им се допаѓа токму препознатливиот стил

Планот е некогашниот производител на ексклузивни лимузини за комунистичките функционери, кого светот го познава под симболичното име „Red Flag“ (мошне слично со југословенската „Црвена Застава“, но само во името), да прерасне во производител на премиум автомобили. Името Hongqi ќе се спомнува како нов конкурент на Cadillac, Audi, BMW и Mercedes.

Во следните неколку месеци пристигаат два СУВ-модела, под имињата HS5 и HS7. Моментно се произведуваат само три модели – H5, H7 и L5 – кои се продаваат само во земјата. Во првото полугодие се продадоа скромни 9.400 возила, но тоа е речиси петпати повеќе отколку во истиот период лани. До 2025 година ќе бидат претставени вкупно 17 нови модели, од кои 15 ќе имаат електрифицирана погонска спрега, односно ќе бидат плагин-хибриди или чисто електрични автомобили. Првиот електричен модел E-HS3 е најавен за средината на следната година.

„Добриот старт е половина пат до успехот“

Ефектите од „преродбата“ на марката Hongqi прво ќе се почувствуваат во Кина. Вториот чекор е новата луксузна марка да се пробие на светскиот пазар. Новите модели ќе бидат поделени во четири моделски семејства, L, S, Q и H. Во првото ќе спаѓаат луксузни модели од ранг на Rolls-Royce, додека во S- и Q-семејствата ќе се нудат спортски и СУВ-модели, како конкуренција на американските и европските модели.

Купе-изведба Skoda Kodiaq GT ексклузивно за Кина

На Англичаните не им пречи тоа што MG доаѓа од Кина

Кинезите бараат и приколки за кампување

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

гуми, sealed технологија

Колку долго може да се вози со „залепена“ гума

споредба цени замена светилка

Замена на прегорена светилка може да чини и до 1.000 евра