за

Honda затвора во Британија, отвора во Турција

Honda производство британија свиндон

Honda воведува измени во производствениот синџир. Фабриката во Свиндон е во опасност од затворање, доколку Британија не даде гаранции за бизнисот на јапонскиот гигант, но затоа се отвора простор за проширување на капацитетите во Турција. Брегзит може да се покаже кобен за автомобилската индустрија во земјата

Honda денес и официјално ги потврди планираните измени во својата производствена мрежа. Во соопштението од јапонската марка се наведува дека причина за реструктурирањето е ставањето посилен печат на електричниот погон. Поради тоа, неопходни се измени во глобалната производстевна мрежа и посветување кон регионите во коишто се очекува голема продажба на возила. Вистинската причина сепак е необезбедувањето гаранции од британската влада за задржувањето на конкурентноста на производството на автомобили во земјата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Како резултат од планираната реорганизација, Honda UK Manufacturing Ltd. ги извести вработените дека предлага затворање на фабриката во Свиндон во 2021 година, откако ќе заврши моделскиот век на моментно произведуваните возила во англиската фабрика. Моментниот капацитет изнесува 150.000 возила годишно, додека работниот персонал брои 3.500 лица.

Лимузинската Honda Civic ќе се произведува во Турција до 2021 година, но е можно во меѓувреме во фабриката да пристигнат и други модели

Во исто време, Honda соопштува дека реорганизацијата ќе го опфати и производството во Турција. Honda Turkiye A.S. Моментно произведува 38.000 возила годишно. Моментно во турската фабрика се произведува лимузинската изведба на Honda Civic. По планираниот завршеток на векот на овој модел во 2021 година, фабриката ќе остане во производствената мрежа на јапонската марка.

Соопштението го содржи и параграфот: „Honda Turkiye A.S. ќе го продолжи конструктивниот дијалог со турските акционери во периодов.“ Тоа не значи друго, освен намера за проширување на производствената мрежа, доколку на Honda ѝ се обезбедат услови за тоа.

Електричната Honda со дрвена табла и три џиновски дисплеи

Honda го потврди електричниот автомобил за салонот во Женева

Honda HR-V добива спортска изведба со 182 КС

По хибриден погон отсега и во Honda

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen produktivnost volfsburg

Volkswagen ќе заштеди 186 мил. € до 2020 преку подобрена продуктивност

тест гуми доставни возила

Гумите за доставни возила со катастрофални резултати на тест на АДАК