Honda ќе одржи светска премиера на својот електричен автомобил на претстојниот салон во Женева во март. Urban EV ќе се појави само како прототип, но Honda најави дека продажбата на сериската изведба ќе стартува пред крајот на годинава.
Голема мистерија околу електричниот автомобил што Honda го разви посебно за европскиот пазар. Со последната објава на Јапонците, се јавува неизвесност и околу името, коешто може и да се разликува од првичното Urban EV на студиската верзија на автомобилот. Уште нема детали околу моќноста и перформансите, вклучувајќи го и досегот, а останува мистеријата во сериската изведба на моделот ќе преживее големиот дисплеј по целата ширина на кабината, којшто ги преземаше сите функции на класичните прекинувачи. За вратите што се отвораат наназад, тоа е веќе сосем извесно дека ќе останат само кај студијата од Франкфурт 2017.
Барем едно се знае. Honda потврди дека на салонот во Женева во март ќе ja одржи светската премиера на својот нов електричен автомобил. Заедно со потврдата пристига и скица од дизајнот, на којашто се забележува дека голем дел од деталите од студијата Urban EV остануваат и во оваа „претсериска фаза“. Диодните светла се факт, веројатно комбинирани со надворешен прстен од светлечки диоди за динамични трепкачи. На хаубата, многу самоуверено е нагласено присуството на приклучок за полнење на батеријата.
Камери во замена за ретровизори може да се нудат како опција за сериската верзија на Honda Urban EV
Ракурсот од којшто е прикажан идниот електромобил дозволува да се заклучи дека останува и дисплејот по целата ширина од таблата, или барем по поголемиот дел од неа. Следно што се потврдува за серискиот модел се камерите место надворешни ретровизори, кои веројатно ќе стојат на располагање со доплата. Испакнатите крила напред и назад внесуваат спортска нота. Имајќи предвид дека се работи за Honda, оваа спортска нота не би требало да остане без соодветна поддршка од погонот.
Honda планира два од секои три продадени автомобили на европскиот пазар да поседува електрифицирана погонска спрега до 2025 година. Јапонскиот производител потврди дека продажбата на електричниот автомобил ќе стартува подоцна годинава.
Honda разви теренско возило без возач
Honda HR-V добива спортска изведба со 182 КС
Електричната Honda се подготвува за премиера
По хибриден погон отсега и во Honda