за

Honda стартува со нарачки за електричниот Urban EV в година

honda urban ev concept

Honda уште при премиерата на Urban EV лани во Франкфурт најави дека ќе го понуди автомобилот во продажба во 2019 година. Европскиот шеф сега уште еднаш го потврдува пристигањето на електричниот автомобил и ветува дека ќе стартува со нарачки уште од почетокот на следната година.

Електричниот Honda Urban EV ќе се произведува како сериски автомобил. Градското мини со простор за четири патници ќе се појави во продажба кон крајот на 2019 година. Тоа официјално го потврди Филип Рос, заменик шеф на Honda во Европа. Според него, електричниот автомобил ќе може да се нарачува веќе од почетокот на следната година.

honda urban ev concept 3

Јапонскиот производител постигна вистински погодок со Urban EV, којшто предизвика позитивни и масовни реакции меѓу публиката на салоните во Франкфурт и Токио. Во моментов, градското мини го доживува своето трето салонско појавување на салонот во Женева. Концептната изведба на Urban EV е десетина сантиметри покуса од актуелниот Jazz и има ретро стил на каросеријата, вклучувајќи и предни врати што се отвораат наназад. Прашање е дали овие врати ќе останат и во серискиот модел. Производство веројатно нема да доживее ниту идејата на предната маска да се прикажуваат пораки за минувачите и другите учесници во сообраќајот.

honda urban ev concept 1

Honda уште ги нема објавено цените и техничките податоци за електричниот автомобил. Urban EV ќе се појави прво на европскиот пазар, а една година подоцна ќе стартува со продажба и во Јапонија.

Honda CR-V првпат добива хибриден погон

Honda Accord со титула на автомобил на годината во Детроит

Honda Insight се враќа како голема лимузина

Honda ќе ги полни батериите за 15 минути

Honda NSX ќе држи лекции по брзина на СЕМА

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

suzuki swift world coty

Suzuki Swift меѓу трите финалисти за светски автомобил

Range Rover SV Coupe

Range Rover со две врати само за избрани купувачи