за

Honda NSX пристига како ѕвезда на салонот во Детроит

За помалку од еден месец ќе биде прикажан долгоочекуваниот наследник на Nonda NSX. Премиерата е на салонот во Детроит, под „одомаќената“ престижна марка на Honda, Acura.

Американската филијала на Honda денес ја најави премиерата на наследникот на NSX, којашто ќе се одржи во средината на јануари следната година на салонот во Детроит. За да го одбележи историски значајниот момент, Honda, односно нејзината престижна марка-сестра на американскиот пазар Acura, денес го објавија и видеото на коешто се наѕира каросериската форма на новиот суперавтомобил на Јапонците. Не е за пропуштање и звукот на иновативниот хибриден погон на новиот NSX. Тој се состои од бензинец со двојно турбонатполнење и два електромотора, по еден за секое предно тркало, со функција да ја зголемат моќноста, а воедно и динамиката во возењето.

„Следната генерација на NSX ќе понуди ‘ново спортско доживување’ коешто е верно на традицијата и на концептот на суперавтомобилот што го воздигна името NSX,“ изјави Мајк Акавити, шеф на Acura. Концептниот автомобил NSX беше претставен пред две години во Детроит, кога шефот на Honda во Америка, Таканобу, најави дека новата генерација на NSX ќе се лансира за три години, развиена од американски тим за развој и истражување и произведувана во новата фабрика со врвна технологија во Охајо.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нови фотографии од тестирањето на Skoda Superb

Tata Nano: Тјунинг на најевтиниот автомобил во светот со 233 КС