132
23 shares, 132 points

Honda Mean Mover се враќа на сцена. Најбрзата и најзлобна тревокосачка во светот ќе го напаѓа сопствениот рекорд. Со еднолитарски мотор од Fireblade SP, таа сака да биде побрза од 240 километри на час

Honda ќе ја брани титулата на најбрза тревокосачка во светот со Mean Mover V2. Новата цел е да се надминат 150 милји на час, односно над 240 километри на час. Британскиот огранок на Honda повторно е режисер на подвигот.

Тие ги ангажираа Team Dynamics, луѓето што ги подготвуваат тркачките возила за британската туристичка класа, а воедно и креаторите на тревокосачката којашто во 2014 година ја стекна титулата на најбрза од својот вид во светот. Со примена на CAD, повеќе делови по нарачка, скапи материјали и 3D-печатење, Honda Mean Mover располага со двојно повисока моќност.

Со цената од 6.000 евра, ова дефинитивно е „злобна тревокосачка“

Основата е тракторска косилка Honda HF 2622, којашто во македонскиот ценовник се појавува со 361.490 денари или близу 6.000 евра. Секако дека сета работна опрема функционира на Mean Mover V2: Предна корпа, корпа за трева и резен механизам, вклучувајќи синџир за погон на задната оска и две батерии за погон на електромоторите за ножевите – од карбон.

Honda Mean Mover V2 HF2622 5

Над 140 километри на час во првиот степен на пренос

Еднолитарскиот мотор доаѓа директно од CBR1000RR Fireblade SP, со 192 КС при 13.000 вртежи во минута. Тежок само 69,1 килограм, моторот има голема заслуга за соодносот од 1 КС на 1 килограм тежина на „злобниот“. Од Fideblade доаѓаат и спојката, електрониката, програмабилниот шестстепен пренос и дисплејот.

Со ваква машина може да управува само професионалец. Тоа е Џес Хокинс, 23-годишен тркач кој моментно учествува како каскадер во шоуто Fast & Furious Live. Актуелниот рекорд, инаку, изнесува 116,575 mph или над 187 km/h. Четири години нема ниту обид некој да го напаѓа рекордот. Почит, Honda.

Honda Mean Mover V2

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Mean Mower V2 – Vital Statistics

Мотор: Honda Fireblade SP
Зафатнина: 999 ccm
Моќност 192 КС @ 13.000/min
Вртежен момент 116 Nm @ 11.000/min
0-60 mph (96 km/h) <3 s Потрошувачка: 6,72 L/100 km Сооднос моќност тежина >1.000 КС/t
Каросерија: Honda HF2622 Lawn Tractor
Шасија: T45 челик (посебна изработка)
Тежина: са. 140 kg
Должина: 2.770 mm
Ширина: 1.365 mm
Меѓуоскино растојание: 1.380 mm
Бандажи: Goldspeed DWT Red Label 10” x 8”
Гуми: Hoosier R25B Slick
Сопирачки: Напред Kelgate 4-клипни, со кошулки од титаниумска легура
Сопирачки: Назад Kelgate 6-клипни, со кошулки од титаниумска легура
Управување: Kelgate со волан Sparco по посебна нарачка
Менувач: 6-степен Translogic PSR, со команди на волан
Издув: Scorpion придушувачки лонец и издувна цевка од титаниумска легура
Инструменти: Honda Fireblade SP
Седиште: Cobra по посебна нарачка
Механизам за режење: Оригинален HF2622, ножеви: 2 x 6”, композит


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

132
23 shares, 132 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743