135
18 shares, 135 points

На новиот Honda Insight му преостануваат уште неколку месеци до стартот на продажбата, веројатно само на пазарот во САД. Но, прво му претстои премиерното појавување на салонот во Њујорк, коешто се случува денес.

Insight не е ново име во моделската понуда на Honda, не е новитет ниту хибридниот погон што се поврзуваше со претходните две генерации на ова моделско име. Новитет е каросериската форма и класата. Формата сега е лимузинска, со агресивна спортска линија, а автомобилот е позициониран меѓу Civic и Accord.

Insight е следниот во офазивата од автомобили со електрифицирана погонска спрега на Honda, по Clarity и Accord Hybrid. Хибридниот погон постигнува системска моќност од 151 КС, додека потрошувачката на гориво во град, според фабричките мерења изнесува 5,1 литри на сто километри.

Honda Insight ги почитува стандардите на премиум сегментот во завршната изработка

Дизајнот продолжува во убавиот актуелен манир на Honda, со линија на покривот како кај купе и со диодна техника за предните и задните светла. Производителот ветува премиум-чувство во кабината, со меко обложена арматурна табла, примерно изведени штепови и ергономски седишта (за што не постои сомнеж, по досегашните искуства со Honda). Дигиталната инструмент табла има пречник од 7 инчи, со доплата следи централен дисплеј од 8 инчи и интеграција со Apple CarPlay и Android Auto. Богатиот пакет системи за асистенција во Honda Sensing се подразбира.

[tie_slideshow]
[tie_slide]

Honda Insight III 1

[/tie_slide]
[tie_slide]

Honda Insight III 2

[/tie_slide]
[tie_slide]

Honda Insight III 6

[/tie_slide]
[tie_slide]

Honda Insight III 7

[/tie_slide]
[tie_slide]

Honda Insight III 4

[/tie_slide]
[tie_slide]

Honda Insight III 3

[/tie_slide]
[/tie_slideshow]

Меѓуоскиното растојание изнесува точно 2,7 метри, така што е веродостојно и тврдењето на Honda дека Insight поседува најдолг простор за нозе на задната клупа, со 95 сантиметри. Багажникот има зафатнина од 428 литри. Литиум-јонската батерија е вградена под задната клупа, така што останува можноста за одделно соборување на клупата.

Основното ниво за пазарот во САД е LX, со диодни дневни, предни и задни светла, алу-бандажи од 16 инчи, копче за стартување, 6 звучници, блутут, компатибилност со пандора и соборлива задна клупа. Останатите две нивоа се EX и Touring.

Honda Insight ја позајмува платформата од актуелниот Civic, има неколку подобрувања во изолацијата, но и алуминиумска хауба

Платформата потекнува од актуелниот Civic, со неколку измени во насока на подобрување на возниот комфор и нивото на бучава во кабината. Различно е и тоа што во хибридниот модел се вградува алуминиумска хауба.

honda urban ev concept
Европа ќе биде привилегирана со градското мини со погон на струја Urban EV, чијашто испорака стартува веќе во 2019 година

Погонската спрега се состои од 1,5-литарски бензинец кој работи според еткинсоновиот циклус и заедно со електромоторот постигнува системска моќност од 151 КС и вртежен момент од 268 њунтметри. Според Honda, Insight во најголемиот број ситуации и услови на возење ќе работи во режим на сериски хибрид, кога моторот се користи единствено за да произведува енергија за електромоторот или за полнење на батеријата.

Во хибридниот систем на Honda не спаѓа менувач

Возачот може да избира меѓу три режими – нормален, штедлив и спортски. Во нормален режим, Insight може да извози до 1,5 километар чисто на струја. Специфично за хибридниот погон на Honda е тоа што системот не поседува менувач, па електромоторот директно ги придвижува погонските вратила. При повисока брзина или оптоварување се активира спојка што го поврзува моторот со погонските вратила – според Honda, оваа конфигурација е покомпактна, поевтина и поефикасна.

Honda Insight ќе се произведува заедно со Civic и CR-V во фабриката во Гринсбург, сојузната држава Индијана. Батериите се монтираат во Мерисвил, Охајо, бензинецот пристига од Ана, исто така во Охајо. Лани, локално произведени возила учествуваа со повеќе од 90% од вкупната продажба на возила од марките Honda и Acura на пазарот во САД.

Honda стартува со нарачки за електричниот Urban EV в година

Honda CR-V првпат добива хибриден погон

Honda Accord со титула на автомобил на годината во Детроит

Honda ќе ги полни батериите за 15 минути


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
18 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743