118
19 shares, 118 points

Honda во меѓувреме почна да изложува и на салоните за аеронаутика. Јапонската марка чиешто лого се наоѓа на најширока палета производи, почнувајќи од косилки за трева до роботи, вклучувајќи автомобили и мотоцикли, секако, од пред четири години произведува и приватни авиони. Hondajet доби нова верзија

На салонот за аеронаутика во Женева, Honda ја претстави специојалната верзија од својот приватен авион со млазен погон. Hondajet Elite постигнува за 396 километри подолг досег од стандардната изведба на авионот. Со 2.661 километри или за 17% повеќе, Elite ја има најдобрата вредност во својата класа. Дополнително се работело и на смалување на нивото на бучава во превозното средство за најуспешните бизнисмени.

Honda Hondajet let

Honda првпат го претстави својот бизнис-џет пред четири години. Hondajet постигнува брзина до 770 km/h и мошне веројатно е најбрзото возило на Honda. Од 2016 година, млазниот авион се нуди и во Европа. Авионот со седум седишта, вклучувајќи и две седишта за пилотите, се произведува во САД. Hondajet е посебен по тоа што погонските единици не се поставени вообичаено под крилата, туку се наоѓаат озгора.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

118
19 shares, 118 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *