за

Honda и Hitachi ќе ги спојуваат своите добавувачи

Honda и Hitachi ќе ги спојуваат своите добавувачи

Јапонските концерни Honda и Hitachi размислуваат да ги спојат своите добавувачи. Тоа би довело до создавање на нов голем концерн, што ќе постигнува годишен промет од околу 15 милијарди евра.

Веќе извесно време постои криза во бизнисот на добавувачите на автомобилските фабрики. За таа да се надмине, Honda и мешовитиот концерн Hitachi планираат да ги спојат своите активности во поголемиот дел од бизнисот во овој сегмент, со што ќе се создаде нов и влијателен концерн. Како втор најголем производител на автомобили во Јапонија, Honda ќе го вложи својот удел во Keihin, Showa и Nissin Kogyo во новата компанија. Hitachi, пак, ја дава посестринската компанија Hitachi Automotive, којашто е специјализирана за автономно и вмрежено возење.

Според заедничкото соопштение, се предвидува Hitachi да учествува со две третини во акциите во новиот концерн, додека на Honda ќе ѝ припадне преостанатата третина. Вредноста на акциите на Honda на токиската берза забележа голем раст по објавувањето на плановите за спојување.

Во ерата на електромобилноста и пред омасовувањето на автопилотираното возење, голем број производители на автомобили и добавувачи размислуваат за спојување. Така, францускиот концерн PSA и италијанско-американскиот концерн Fiat Chrysler во понеделникот вечерта објавија дека водат разговори за спојување. Во септември и Toyota го зголеми својот удел во Subaru.

Honda учествува со 41 проценти во Keihin, со 35 проценти во Nissin Kogyo и со 34 проценти во Showa. Во првата фаза, Honda ќе понуди откуп на своите удели во овие компании, по што сите три ќе прераснат во посестрински компании на автомобилскиот концерн, за на крајот тие да се фузионираат со Hitachi Automotive Systems. Со ова спојување ќе се создаде голем добавувачки концерн од Јапонија, со промет од 14,9 милијарди евра годишно.

На овој начин, новиот концерн на Honda и Hamachi ќе се приближи до водечките субјекти, односно до германските Bosch, Continental и ZF Friedrichshafen, но и до јапонските Denso и Aisin Seiki.

Honda Jazz на салонот во Токио: Во овој автомобил сé е како песна

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

полначи за електрични возила

Електричните автомобили првпат во минус по пет години

volkswagen golf dizajn od buba_1

Ја препознавте „бубата“ во дизајнот на новиот Volkswagen Golf?