за

Електричната Honda ќе биде вистинска забава по градските улици

Honda-e-tehnika-sema
Honda-e-tehnika-sema

Honda уште не ги открива сите бројки за својот градски автомобил на батерија, но познавачите веќе разбраа: Распределба на тежина во сооднос 50:50, независно водење на сите тркала, погон назад. Honda Е ќе прави забава во возењето.

Прво може да се чини дека Honda премногу одолговлекува со држењето во неизвесност околу вредностите на забрзувањето, моќта на електромоторот или, можеби големината на багажникот на градското мини на струја, но на љубителите на автомобилизмот веќе им е јасно. Honda E е осмислен да биде забавна во секојдневието по градските улици. Од марката што има постигнато многу во мотоспортот и истото го има претворено во сериски модели, од типот на NSX или Type R, друго и не треба да се очекува.

https://photos.app.goo.gl/zK4swsqxp8fsmXp6A

Неколку суви факти околу Honda E: Тоа е прв модел развиен врз платформата наменета за повеќе идни модели со погон на струја, што ќе ја пренесат традиционалната возна динамика на марката во сегментот на електричните автомобили. Батериските модули се распоредени ниско во подот и сместени се централно меѓу двете оски, што гарантира ниско тежиште на целото возило и оптимален распоред на тежината 50:50. Тоа гарантира одлична управливост и врвна стабилност. Дополнителен факт што ја нагласува управливоста е погонот на задните тркала.

https://photos.app.goo.gl/Y76wYhtoxy7MTf9N9

Подвозјето ќе обезбеди комбинација на пријатен комфор и темперамент. Сите четири тркала имаат независно водење. Уште едно пријатно изненадување. Повеќето делови од водењето на тркалата се изработени од алуминиум.

Воденото ладење овозможува димензиите на батеријата да бидат покомпактни; Досег над 200 километри, полнење со еднонасочна струја за половина час

Литиум-јон батеријата има капацитет од 35,5 киловатчасови (40 kWh кај Nissan Leaf) и може да се полни или преку Тип 2 приклучок или пак да се поврзе на брз полнач CCS2, при што 80% наполнетост би се постигнале за само половина час. Реалниот досег изнесува над 200 километри. Приклучокот за полнење е вграден во хаубата, со диодно осветлување околу заради полесно ракување и со покажувач на наполнетоста.

Honda EV Plus од 1997 година

До 2025 година, во сите моделски серии на Honda ќе постои изведба со електричен погон. Првиот сериски автомобил на Honda со погон на батерија кој се нуди во Европа ќе има деби подоцна во текот на годинава.

Заинтересираност за Honda Е досега имаат покажано 31.000 можни купувачи. Резервациите за моделот веќе стартуваа на главните европски пазари на електромобилноста, односно во Велика Британија, Германија, Франција и Норвешка.

Електричната Honda ќе вози на Фестивалот во Гудвуд во јули

Камери место ретровизори како стандард кај електричната Honda

Електричната Honda стартува со резервации во четири европски земји

Името на електричниот автомобил на Honda e …

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi R8 Ауди Форум Инголштат

Групно преземање на 38 примероци од Audi R8 во Инголштат

mclaren sobir voking

Кога ќе се соберат 23 автомобили McLaren, тоа вреди 50 милиони фунти