139
44 shares, 139 points

Од првото појавување на концептот на малечкиот електричен автомобил на Honda во 2017 година, прашањето е: Кога и како? За десетина денови на салонот во Женева ќе има премиера Honda E, со старт на производство уште годинава, мошне верна на концептниот автомобил што ја раздвижи сцената

Една од главните ѕвезди на салонот во Женева ќе биде на штандот на Honda. Јапонскиот производител во март ќе ја прикаже претсериската изведба на автомобилот што произлегува од концептниот Urban EV. Станува збор за градски електричен автомобил, кој го привлече вниманието и ги освои симпатиите со комбинацијата од ретро стил и напредна технологија.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Можно е моделот да се појави во салоните само како Honda е. Суштината на автомобилот не се сведува на електричниот погон, туку на оригиналниот концепт на автомобилот. Honda е комбинира впечатлив изглед, лесно ракување и едноставно возачко секојдневие, како и динамични возни својства.

Само за Honda e: Камери место ретровизори и вовлечени рачки на вратите

Освојува едноставниот изглед, кој и не е толку „едноставен“. Предните столбови буквално се втопуваат во ветробранот, а на тоа следат и целосно вовлечени рачки на вратите, и секако, највпечатливиот детал, камерите во замена за ретровизори. Тоа се елементи што не ги нуди друг модел во оваа класа.

Пристапот до приклучоците за полнење го покрива стаклен капак во црна боја. Диодни светилки под капакот ја прикажуваат наполнетоста на батеријата. Црните панели напред и назад се карактеристичен детал, кој ја нагласува едноставноста на изгледот и според дизајнерите на Honda го одредува „хуманиот лик“ на електричниот автомобил.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Honda e користи комплетно нова платформа наменета за електричен погон. Таа овозможува компактни димензии на возилото, но и релативно долго меѓуоскино растојание, широка трага и куси каросериски превиси. На тој начин се постигнува лесно маневрирање во градското секојдневие, но се добива и основа за возачко уживање.

Седишта со штоф како на домашната софа и дрвени облоги

Вистинскиот карактер на електричната Honda се покажува во кабината. Таму се спојуваат просторност и минимализам, со материјали што буквално се преземени од домот: Штофот на седиштата е како од домашната софа, исто како и дрвениот панел во основата на арматурната табла. Подот е целосно рамен.

New photo by Automedia MK / Google Photos

По целата ширина на таблата се протега дводелен дисплеј, преку кого се пристапува до цела низа апликации и услуги, кои во најголемиот дел се достапни онлајн. Секако дека кокпитот е единствен и по двата малечки дисплеи што се сместени на краевите на таблата и ја прикажуваат сликата од камерите.

Нов детал пред премиерата: Кога Honda најавува динамични возни својства на градското мини на струја, тоа значи дека погонот е назад
New photo by Automedia MK / Google Photos

Honda ќе развива неколку моделски изведби врз оваа платформа. Досегот со едно полнење изнесува 200 километри, со можност за користење брзи полначи, кои овозможуваат 80% од капацитетот на батеријата да се наполнат за само 30 минути. Уште еден „детал“ кој открива многу за карактерот и концептот на Honda e: Електромоторот е вграден назад и ги движи задните тркала. Јапонскот производител воедно нагласува дека станува збор за моќен електромотор.

Премиерата ќе биде на 5-ти март, на салонот во Женева. Производството ќе стартува веќе годинава.

Електричната Honda со дрвена табла и три џиновски дисплеи

Honda го потврди електричниот автомобил за салонот во Женева

Honda разви теренско возило без возач

По хибриден погон отсега и во Honda

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
44 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *