132
18 shares, 132 points

…Honda e. Електричниот погон едно им олеснува на производителите. Не мораат да измислуваат нови имиња за моделите. Повеќе од 22.000 возачки и возачи имаат пријавено интерес за градскиот автомобил на батерии на Honda. Нарачките стартуваат во јули.

Honda има една од најмногу очекуваните премиери на сцената, со градскиот автомобил на батерии, чиешто име е потврдено денес – Honda e. Сцената покажа многу поголем интерес, отколку што очекуваше и самиот производител, кога намерата да пушти малечок автомобил на струја ја најави преку студијата на салонот во Франкфурт. Брзо беше решено да се забрза развојот до сериско производство.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во Женева, Honda го прикажа прототипот, како последна фаза пред премиерата на моделот што ќе биде подготвен за испорака. Деталите околу возилото се скромни, познато е само следново: Верно на спортскиот имиџ на марката, Honda е ќе поседува заден погон и моќен електромотор, заради динамични возни својства и перформанси, досегот ќе изнесува над 200 километри, но затоа ќе може да се користи мрежата од брзи полначи, на кои наполнетост од 80% се постигнува за половина час.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Honda е ќе биде достапна со четири врати, како опција ќе бидат достапни камери место ретровизори, ќе има импресивна понуда од напредни системи од асистенција, а посебност на моделот ќе биде и комбинацијата од дрвен финиш и текстил во кабината, како ретро-техно спој.

Повеќе од 22.000 лица се регистрирале како заинтересирани купувачи на Honda e

Најважната информација уште изостанува, засега може само да се шпекулира дека Honda e ќе ја доживее својата „сериска“ премиера веќе наесен, на салонот во Франкфурт, за пред крајот на годината да стартуваат и испораките. Европа е главниот пазар за моделот, така што електромобилот ќе биде достапен прво кај европските дилери, а потоа и во Јапонија и САД.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За салонот во Токио, Honda најавува друга важна премиера, новата генерација на Jazz. Во гамата на новиот модел ќе се нуди и хибридна верзија, со технологијата i-MMD (Intelligent Multi-Mode Drive) што моментно работи во CR-V Hybrid. Планот е погонот со две срца наскоро да проработи и во Civic или HR-V, иако засега нема конкретна потврда за тоа.

Сите моделски серии на Honda од 2025 година натаму ќе располагаат со изведба со електрифицирана погонска спрега. Honda e прв ја користи платформата за електрични возила, што во иднина ќе овозможи изведување и на други модели.

Honda E каква што сцената уште одамна ја обожува

Електричната Honda со дрвена табла и три џиновски дисплеи

По хибриден погон отсега и во Honda

Нова наградна игра на Макпетрол: Се игра за Honda HR-V

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

132
18 shares, 132 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *