167
21 shares, 167 points

Honda потврди дека камерите во замена за класичните ретровизори ќе бидат дел од сериската опрема на електричната Honda e. Тоа е првпат оваа техника да се користи во класата на градските автомобили, но е силно уверување дека Honda и во сериската изведба на моделот ќе ги задржи речиси сите детали од концептниот автомобил што пред две години предизвикаа општо одушевување.

Сликата од двете камери ќе се прикажува на двата дисплеи со пречник од 6 инчи во крајните делови од кокпитот. Целта со „камера-ретровизорите“ е да се задржи мазниот и чист изглед на каросеријата, а особено да се нагласи мекиот премин преку предните столбови.

Во исто време Honda потврдува дека и рачките што „излегуваат“ од каросеријата ќе се задржат кај серискиот модел. Камерите не излегуваат од габаритите на каросеријата и тоа само прави возилото уште полесно да се движи низ градскиот метеж и да се маневрира во тесен простор.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Секако дека има корист и за аеродинамичноста: Камерите создаваат за 90% помалку отпор отколку ретровизорите. Во целина, тоа е подобрување за 3,8 проценти во коефициентот на отпор на возилото и истото оди во корист на ефикасноста на погонската спрега и на досегот. Нема ниту непријатно шуштење при повисока брзина.

Куќиштето е изведено посебно, за врз леќата да не паѓаат капки дожд, а дополнително и самата леќа има посебен слој што ја потиснува водатa
New photo by Automedia MK / Google Photos

Возачот може да избира меѓу нормален и широк приказ во дисплеите, за да се постигне многу поголемо поле на видливост во споредба со класичната техника. Со тоа се смалуваат и мртвите агли. Понатаму, при префрлување во рикверц, на дисплејот се прикажуваат водилки, заради помошна ориентација.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Осветленоста се мести автоматски, за што Honda нагласува дека биле извршени обемни тестирања, за да се обезбеди беспрекорна работа на системот во сите услови.

Околу техниката и натаму не се откриваат детали. Honda потврди дека погонот ќе биде назад, досегот ќе биде над 200 километри, а со користење брзи полначи, 80% наполнетост ќе се постигне за само половина час.

Сериската изведба ќе биде претставена годинава, веројатно на салонот во Франкфурт, во септември.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Електричната Honda стартува со резервации во четири европски земји

Името на електричниот автомобил на Honda e…

Honda E каква што сцената уште одамна ја обожува

Електричната Honda со дрвена табла и три џиновски дисплеи

Honda го потврди електричниот автомобил за салонот во Женева

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

167
21 shares, 167 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *