158
21 shares, 158 points

Нови детали за градскиот автомобил на струја на Honda: 150 КС, круг на вртење колку Smart и мекферсон водење на сите четири тркала. На уживателите во возењето веќе им станува јасно.

Никогаш доволно информации околу Honda E, градското мини на струја, што беше прикажано како концепт во Франкфурт пред две години и оттогаш не престанува да го привлекува вниманието на сцената. Honda мудро ја користи раната слава на „E“, па ги пушта информациите како во апотекарска доза. Но, овојпат има многу информации и првo возењe на Honda Е од страна на водечките автомобилски медиуми.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Минито на батерија е развиено со цел да понуди уживање при возењето во град. Тоа подразбира лесна управливост и одлични перформанси, при нулта емисија на штетни материи. Верно на имиџот на спортска марка, Honda го разви „E“ да понуди уживање и практичност какви што досега не постоеле меѓу малечките автомобили на струја.

Honda E заслужува да ја носи ознаката Type R меѓу градските автомобили

Електромоторот ослободува 110 киловати, односно 150 КС, вртежниот момент е 300 њутнметри. Батеријата од 35,5 kWh е мошне компактна, на брз полнач постигнува 80% наполнетост за 30 минути, а по целосно полнење испорачува енергија до 200 километри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Батеријата е поставена ниско под подот и тоа има голема заслуга, за тежиштето на целиот автомобил да биде околу 50 сантиметри над асфалтот. Во комбинација со 50:50 распределба на тежината меѓу двете оски и со мали габарити на каросеријата, Honda E ќе биде динамичар меѓу градските автомобили на струја.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Познато е дека погонот е на задната оска. Слично како кај Renault Twingo, тоа дозволува поголемо вртење на предните тркала, па соодветно и кругот на вртење изнесува само 8,6 метри. Ниското тежиште дозволува и дотерувањето на амортизацијата да биде премногу круто. Уште еден податок што говори за возните својства и комфорот: Сите тркала имаат мекферсон независно водење на тркалата.

Бидејќи е силно забавувањето при отпуштањето на педалот за забрзување, Honda E може да се вози и само со една педала

Тоа што прв го воведе Nissan Leaf со таканаречениот ePedal, ќе функционира и во Honda E. Возачот во најголемито број случаи ќе може да ја контролира брзината само со педалата за забрзување. Интензитетот на забавувањето е поголем, а тоа помага за подобро полнење на батеријата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Нема податок за тежината на празно возило, но Honda уверува дека е користен челик со висока цврстина во каросериската структура, кој овозможува пониска тежина. Тоа повторно води кон полесна (и помека) работа за амортизацијата, како и кон подобра управливост. Возачот ќе има и избор на спортска програма, со поубедливо забрзување.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Honda E претставува важен дел во планот, сите моделски серии во Европа да поседуваат изведба со електрифицирана погонска спрега до 2025 година.

Сериската изведба ќе биде претставена подоцна годинава. Предност при резервациите имаат најголемите „електрични“ пазари, односно Велика Британија, Германија, Франција и Норвешка.

Honda e · Динамично претставување

Електромотор со 110 kW (150 КС), погон назад, мекферсон водење на сите тркала, тежиште на 50 сантиметри од асфалтот – совршено е јасно дека Honda E ќе биде вистинска забава за возење

Posted by Automedia.mk on Wednesday, July 3, 2019


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

158
21 shares, 158 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *