Нови модели

Honda CR-V Hybrid во трка против бестселерот Mitsubishi Outlander PHEV

Пристига нов кандидат за преземање на позицијата на Mitsubishi Outlander PHEV како најпродаван плагин-хибриден модел на европскиот пазар. Прототип на Honda CR-V Hybrid ја најавува сериската верзија чијашто продажба ќе стартува во почетокот на следната година.

Комбинацијата од плагин-хибриден погон и теренец се покажа како добитна. Тоа го докажува Mitsubishi Outlander PHEV како најчест избор на купувачите на плагин-хибриди во Европа. Над 10.000 примероци се продадоа само од почетокот на годинава. Дури и вториот најпродаван модел во сегментот на плагин-хибриди е теренец, Mercedes GLC 350e. Моделите од поскапите класи исто така се високо на списокот, со Volvo XC90 PHEV на седмото и BMW X5 40e на деветото место.

Теренец што може да ја извози вобичаената дневна рута само со енергијата во батеријата е последниот прилог во понудата од модели со електрифицирана погонска спрега на Honda. Јапонската марка ќе го претстави прототипот на CR-V Hybrid на салонот во Франкфурт во средината на месецов. Изненадува тоа што моделската понуда моментно ја сочинува единствено суперспортскиот NSX.

Honda CRV Hybrid Prototype 34#

Бидејќи Honda го исклучува дизелот од моделската гама на CR-V за европскиот пазар, може да се очекува плагин-хибридната верзија да биде дел од понудата уште од стартот на продажбата во почетокот на следната година. Во спротивно, верзијата со 1,5-литарски турбо би била единствен избор во гамата на теренецот.

Honda го донесе најнапредниот автомобил со водороден погон во Европа

Прототипот на CR-V Hybrid пристига како премиера за комплетно новата генерација на CR-V на европскиот пазар. Наследникот на најпродаваниот теренец во светот ја задржува препознатливата силуета, повеќе како еволуција отколку револуција на претходникот. Поширок, повисок и подолг од претходникот, CR-V настапува моќно со широките и мускулести крила.

Погонскиот систем на Honda CR-V Hybrid ја задвижува само предната оска

Хибридниот систем i-MMD (Intelligent Multi-Mode Drive) во CR-V Hybrid го сочинуваат електромотор од 181 КС, дволитарски i-VTEC со 146 КС, кој работи според еткинсоновиот принцип, со задача да произведува електрична енергија и да испорачува погон, како и посебен електромотор што служи како генератор.

Honda CRV Hybrid Prototype 44#

Овој хибриден систем Honda веќе го користи во актуелниот Accord Hybrid и истиот испорачува погон само на предната оска. Тоа овозможува Honda CR-V Hybrid да биде ценовно позициониран под Mitsubishi Outlander PHEV, каде што погонот на сите тркала е стандард, но и целата погонската спрега е изведена различно.

Honda CR-V Hybrid имаше премиера на салонот во Шангај во април. Продажбата на кинескиот пазар стартува пред крајот на годинава. На најголемиот пазар за електрични возила во светот ќе се нуди и чисто електрична верзија.

Системот i-MMD ги нуди вообичаените три погонски режими: EV Drive, Hybrid Drive и Engine Drive. Во првиот режим, електромоторот се снабдува само со енергијата во батеријата, без ниту грам штетна емисија. Во хибридниот режим, бензинецот го задвижува генераторот, кој испорачува моќ за погонскиот електромотор. Неискористената моќност на моторот во овој режим, генераторот ја користи за полнење на батеријата. Во модусот Engine Drive, предните тркала ги задвижува бензинскиот мотор, со асистенција од електромоторот кога возачот ќе побара посилно забрзување.

Honda CRV Hybrid Prototype 24#

Според Honda, во повеќето урбани сценарија на возење, CR-V ќе префрлува меѓу Hybrid Drive и EV Drive заради оптимална ефикасност. Модусот Engine Drive ќе се вклучува при посилно забрзување или при возење по автопат.

Новиот CR-V ќе биде достапен и со 1,5-литарскиот турбо, во комбинација со шестстепен мануелен менувач или CVT менувач. Дизел нема да се нуди. Продажбата официјално стартува во почетокот на следната година, веројатно по салонот во Женева.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами