за

Honda CR-V е најпродаван спортски теренец во светот

9. HONDA CR-V, продадени примероци 25,571 (-5.2%)

Според продажните статистики за првите пет месеци од годинава, Honda CR-V е најпродаван спортски теренец во светот, со 286.685 примероци. На списокот на 50-те најпродавани модели во светот до месец мај, Honda CR-V е на десеттото место. Следува Toyota RAV4, како втор најпродаван СУВ во светот, со 237.869 примероци, на 15-то место на најпродаваните 50 модели на глобално ниво, пред Volkswagen Tiguan (21-во место, 216.404 примероци), Nissan Qashqai (33-то место, 162.863 примероци) и Ford Escape (38-мо место, 153.626 примероци). Меѓу најпродаваните модели се најдоа и спортските теренци Kia Sportage, Hyundai Santa Fe, Hyundai ix35, Mazda CX-5 и Ford Explorer.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Наследникот на Land Rover Freelander ја покажа формата

50-те најпродавани автомобилски модели во светот до мај