143
19 shares, 143 points

Две британски компании работеа околу една година на сосем различни верзии на Honda Civic Type R. Едната верзија покажува колку е лесно од Type R да се извлечат 400 КС, додека втората верзија оди во друга крајност и го прикажува брзиот компакт како рели-автомобил.

Две компании претставија две сосем различни изведби од Honda Civic Type R. Едната изведба потекнува од Team Dynamics Motorsport, кој стои зад фабричкиот тим на Honda во британското првенство со туристички автомобили. Во нивната верзија се извршени неколку стандардни преправки, но сосем доволни да се постигне драстично зголемување на моќноста.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Целиот предизвик во работата на „Team Dynamics“ е во тоа што автомобилот останува легален за обичен сообраќај. Контролната единица на моторот е заменета со производ од Superchips, интеркулерот пристига од PWR, спортскиот катализатор е од Dream, а издувот од Scorpion. Целата преработка даде моќност од преку 400 КС и вртежен момент од 500 њутнметри.

Соодветно на зголемената моќност се извршени преправки и во подвозјето, меѓу другото со спортски пружини Eibach Pro, приспособливи стабилизатори и приспособлива геометрија на задната оска, сопствени тркачки бандажи од Team Dynamics од 19 инчи и тркачки гуми Dunlop DZ03G.

OveRland е преправка што досега му се нема случено на Type R

Вториот уникат е дело на Ralph Hosier Engineering, кои го преправија Civic Type R во автомобил каков што досега никој нема направено. Нивниот Civic Type OveRland е дополнително подигнат 10 сантиметри и има дебели гуми за кал. Инспирацијата доаѓа од натпреварувачките возила што учествуваат на Rally Raid, Overland и слични натпревари и авантуристички подвизи.

Главните преправки во подвозјето се во задната оска, за којашто се изработени посебни водилки, за таа да се подигне за три инчи. Гумите со димензија 255/55/18 се од BF Goodrich, монтирани на бандажи за рели.

Британскиот огранок на Honda им испорача „сирови“ верзии на Civic Type R на двете компании, откако тие лани ги изнесоа своите планови пред јапонскиот производител на автомобили. Team Dynamics и Ralph Hosier Engineering ќе изработат примероци од своите верзии на Type R доколку се јават клиенти.

Електричната Honda стартува со резервации во четири европски земји

Џенсон Батон постави уште рекорд со Honda Civic Type R

Нова наградна игра на Макпетрол: Се игра за Honda HR-V

По хибриден погон отсега и во Honda


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

143
19 shares, 143 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *