за

Honda Civic Type R како награда за рекорд на Нирбургринг – На симулатор

Honda им понуди шанса на своите фанови во Британија да добијат Type R на едногодишно користење, како награда ако постават најбрзо време на Нирбургринг на врвен симулатор.

Посетителите на трговските центри и на јавните манифестации во Велика Британија во ова лето ќе имаат единствена можност да извозат за награда на тркачка симулација. Наградата е едногодишно користење на актуелниот спортски пулен на Honda, компактот Civic Type R. Целта за натпреварувачите ќе биде да постигнат колку е можно поблиско време до рекордот од 7 минути и 50,63 секунди, колку што извозе Type R на Северниот јазол на патеката Нирбургринг во мај лани. Единствено што потенцијалните идни возачи на лутиот Civic ќе треба да го направат по извозувањето на симулацијата е да ја следат табелата на најдобри времиња на www.kingofthehell.com и да се надеваат дека нивното време ќе остане најдобро.

Вистински потег за земјата во којашто владее вечна еуфорија за мотоспортот

Генијалната кампања на Honda, којашто е солидно одомаќена во островската земја со фабрики и логистика, веќе започна на 17-ти јули во трговскиот центар Вестфилд во Шепердс Буш. Потоа ќе бидат објавени уште 17 други локации и датуми на коишто потенцијалните рекордери ќе треба да се појават за да ја освојат вредната награда со период на користење од една година. Организаторите се подготвени на еуфорична реакција од британските возачи, кои традиционално имаат слабост кон трките.

Civic Type R е најекстремниот и најмоќен модел со знакот на Honda досега. Со дволитарски турбо бензинец со моќност од 310 КС при 7.000 вртежи, Type R забрзува до сто за 5,7 секунди и постигнува крајна брзина од 270 километри на час. Посебен детал е модусот +R, кога Civic се претвора во чистокрвна тркачка машина.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Mustang Apollo Edition во чест на мисиите во вселената

Lamborghini ги замрзнува плановите за купето Asterion