за

Honda Civic е подготвена за новото моделско годиште

Honda Civic 2020
Honda Civic 2020

Откако стивна сцената околу електричното мини, но само привремено, Honda за момент се враќа на својата класична понуда, иако малку од тоа што го нуди Civic може да се толкува како класично, што е културна форма за здодевно. Civic има моделско освежување, единствено нема промени во погонот.

Honda Civic мина низ третман за моделско освежување, кој вклучува неколку промени во надворешноста, како и дотерувања во инфо-забавниот систем и нови материјали во кабината, со цел да се подобрат практичноста и впечатокот за завршна изработка.

Промената напред се сведува на полето околу магленките, коешто е извлечено надолу и обложено е со мазен панел, а додадени се и надолжни ламели. Маската е поедноставна и има повеќе аеродинамичен дизајн. Светлата се нови, со диодна техника за сите функции, заедно со нова форма на дневните светла што ја следат линијата на спомнатите надолжни ламели над магленките. За повисоките нивоа на опрема стојат на располагање бандажи од 17 инчи со повеќе спортски изглед. Новитет во палетата од бои е сината, во мошне впечатлив тон.

Нема промени во погонската спрега и во подвозјето, таму Honda Civic поставува мошне високи стандарди

Внатре се сменети материјалите речиси на сите површини во кокпитот, заради постигнување поубедлив впечаток за квалитет. Во повисоките нивоа на опрема, сега може да се добие и електрично местење на возачкото седиште во осум насоки.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Инфо-забавниот систем подржува Apple CarPlay и Android Auto. Класичните копчиња и прекинувачи за инфо-забавниот систем и за климатизацијата се вратени, по барање на клиентите.

Понудата од мотори останува, во комбинација со CVT или шестстепен мануелен менувач. Еднолитарскиот турбо-VTEC располага со 126 КС и 200 њутнметри, над него е позициониран 1,5-литарскиот мотор со 182 КС и 240 њутнметри. Honda неодамна го преработе 1,6-литарскиот дизел, со 120 КС и 300 Nm, со цел да ги исполни строгите норми.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во подвозјето нема промени, динамичните возни својства во комбинација со пристоен комфор остануваат заштитен знак на Civic. Понудата од системи за асистенција е комплетна, што меѓу другото придонесе моделот да постигне врвни резултати на Euro NCAP. Во арсеналот од овие системи, меѓу другото, спаѓаат радарски темпомат, самостојно запирање при опасност од судир, читање знаци и систем за следење лента.

Испораките на главните пазари во Европа ќе стартуваат во јануари следната година.

Honda Jazz на салонот во Токио: Во овој автомобил сé е како песна

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla дизелски чад

Возачи во САД се забавуваат со дизелски чад, Tesla омилена мета

Mini John Cooper Works GP

Mini John Cooper Works GP е вистински големец на тркачката патека