за

Honda Civic подготвена за премиера кон крајот на септември

Honda ќе ги претстави комбилиузинската и лимузинската изведба од новиот Civic на претстојниот салон во Париз. Јапонците го спроведоа најобемното истражување и развој за десеттата генерација на бестселерот на марката.

Моделската офанзива на Honda продолжува со премиерата на десеттата генерација на Civic на салонот во Париз, којшто започнува кон крајот на септември. Новиот Civic настапува со знајачни промени во дизајнот на каросеријата и внатрешноста, коишто ја нагласуваат динамиката, а со тоа и долгата традиција на јапонската марка во мотоспортот. Продажбата стартува веќе во почетокот на следната година.

Како што наведуваат од Honda, најпродаваното моделско име во историјата на марката мина низ најобемната фаза на истражување и развој за десеттата генерација. Заедно со комбилимузината, на штандот на Honda во Париз ќе се најде и лимузината, којашто се произведува во фабриката во Турција и ќе се појави на европскиот пазар исто така во почетокот на следната година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

462 КС за хибридната изведба на Porsche Panamera

Audi сервира 400 КС во најекстремната изведба на TT