за

Civic Type R составен од 1.300 килограми лего коцки

Honda Type R Lego Avstralija

Автомобилската сцена е во задоцнета лего-манија. По Bugatti, McLaren и слични, дојде ред и еден „народски“ брз автомобил да добие изведба што не се поместува. Honda Civic Type R во изведба од лего коцки е плод од макотрпна работа: 1.300 часови, 320.000 коцки, деветчлен тим.

Honda ги ангажираше професионалците на Lego да изработат примерок од Civic Type R во природна големина – од преку 320.000 коцки од данскиот специјалист што го занимава целиот свет и сите возрасти. Овој своевиден подвиг е направен со цел коцкастиот Type R да се појави на шоуто Lego Masters, кое ќе се пренесува на австралискиот „Channel Nine“.

Изработката траеше вкупно 1.300 часови, а учествуваа девет членови, рачно составувајќи коцка по коцка. Во детали е одено дотаму што светлата и трепкачите работат, па дури има и верно лого на Honda, на маската и на задниот капак, како и на бандажите.

New photo by Automedia MK / Google Photos
Покрај тежината на коцките од преку 1 тон е нормално дека основата за структурата сепак ја сочинува челична рамка

Основата за коцките ја сочинува челична рамка. Коцките се залепени и во целост потекнуваат од стандардната понуда на Lego. Преку таблет се вклучуваат предните светла, магленките и стоп-светлата.

Осум тимови од хоби-ентузијасти со Lego ќе учествуваат на „мастерсот“, паралелно составувајќи сложени структури од коцки. Lego Civic Type R ќе се појавува на посебни настани ширум Австралија во следните неколку месеци.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford вложува 500 милиони $ во пикапот на батерии на Rivian

Aston Martin DBS Superleggera Volante

Турбо провев и симфонија во 715 КС за возачи на Aston Martin