за

Honda разви теренско возило без возач

honda ces avtonomen atv

На саемот за електроника во Лас Вегас обично се прикажуваат необични и футуристички идеи. Honda не отстапува и пристига со возило за терен, на коешто возач не му е потребен

Кога се зборува за роботски автомобили, обично се замислуваат возила со кои големите шефови патуваат од мирните предградија во срцето на светските метрополи, како и на товарни возила кои циркулираат континуирано по една иста рута, на пример од фабрика до магацин. Но, постојат најразлични видови на примена на овие таканаречени автономни возила.

Во почетокот од годинава што веќе изминува, Honda премиерно го прикажа автономното возило за секакви терени. На истото место, на најголемиот саем за потрошувачка електроника во светот, на ЦЕС во Лас Вегас, Honda ќе прикаже унапредена верзија од овој автономен ATV, односно „роботско“ возило за секаков терен.

Во повеќе подрачја на примена се очигледни предностите на роботските возила

New photo by Automedia MK / Google Photos

Концептното возило е развиено во центарот за истражување и развој на Honda во САД, во соработка со неколку софтверски специјалисти. Можностите за примена на возилото се речиси безгранични. Пример е шумски пожар, кога овој теренски робот, опремен со противпожарна опрема, може самостојно да интервенира во гаснењето на пожарот, без потреба од човечки ангажман. Директниот пристап е далеку подобар отколку при користење хеликоптери, чиишто пилоти честопати не го гледаат изворот на пожарот, поради густиот чад.

Друг пример за примена е спасување повредени лица, во случај на природна катастрофа. Роботските квадрицикли може да се користат и за дотур на материјали на градилишта, исто како и во шумарството.

Honda долги години ја развива роботската технологија преку серијата Asimo

Со повторното прикажување на автономното возило за секаков терен, Honda само потврдува дека сериозно е посветена на примената на оваа технологија. Покрај, тоа јапонскиот гигант веќе има стекнато огромни искуства со легендарната серија роботи Asimo.

Honda се докажува како специјалист за роботи и со вториот експонат за саемот ЦЕС 2019. Роботот со име Path (од Predicting Action of the Human, односно предвидување на човечко однесување) е специјализиран за примена на јавни места, односно може да биде туристички водич или може да дава информации за цените на билетите или транспортните врски на железничките станици. Уште една можна примена е обезбедување јавни настани.

Honda HR-V добива спортска изведба со 182 КС

Електричната Honda се подготвува за премиера

По хибриден погон отсега и во Honda

Џенсон Батон ја комплетира серијата рекорди на Honda Civic Type R

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen ID testiranje juzna afrika

Електричниот Volkswagen на тајна мисија во Јужна Африка

Ford Focus награди продажба

Ford Focus со одличен старт: Повеќе од 40.000 продажби за 6 месеци