за

Honda развива електричен спортски автомобил со 350 КС

Јапонската марка планира уште пред завршетокот на деценијата да започне со продажба на електричен спортски автомобил со моќност од најмалку 350 КС. Honda најавува и досег од над 400 километри.

Honda работи на електричен спортски автомобил, со моќност од најмалку 350 КС и досег од над 400 километри, којшто треба да стартува со продажба неколку години пред завршетокот на деценијата. Тоа денес го најави јапонскиот производител, во предвечерието на салонот во Токио. Јапонците уште не го откриваат сегментот во кој ќе припаѓа возилото и цената на истото.

Новиот NSX требаше да започне со продажба кон крајот на годинава, но стартот на хибридниот суперспортист е одложен за средината на 2016 година
Новиот NSX требаше да започне со продажба кон крајот на годинава, но стартот на хибридниот суперспортист е одложен за средината на 2016 година

Техниката моментно се испробува во прототипи на база на компактното купе CR-Z, кое досега се нудеше исклучиво со хибриден погон. Како пример за инженерите послужи тркачкиот автомобил кој исто така е изведен од CR-Z и со 450 КС е значително посилен од идниот сериски модел, но и покрај тоа, Honda ветува слични перформанси. Забрзувањето до 100 km/h ќе трае околу 3,5 секунди, а крајната брзина ќе биде ограничена на далеку над 200 km/h.

Истото важи и за неконвенционалната погонска техника на спортскиот автомобил, којашто има за цел да го зголеми уживањето во возењето. Секое тркало ќе поседува електромотор и секој од четирите електромотори ќе биде контролиран посебно, што ќе овозможи моќта да се пренесува на начин што обезбедува врвна стабилност во свијоците.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маск планира изградба на фабрика во Кина

И покрај Дизелгејт: Volkswagen вложува најмногу во истражување