за

Honda отвора трета фабрика во Кина

Нова фабрика е потребна да се покрие побарувачката за моделите на Honda на кинескиот пазар. Тоа ќе биде трета фабрика на јапонската марка и локалниот партнер Dongfeng. До крајот на годинава продажбата на Honda во земјата ќе надмине половина милион возила. Во новата фабрика ќе се произведуваат и електрични автомобили.

Honda и кинескиот партнер Dongfeng ќе градат трета фабрика во локалната производствена мрежа, на површина од 1,2 милион метри квадратни и на локација што е оддалечена околу 8 километри од првата фабрика во Вухан. Со инвестиција вредна 3 милиони кинески јени или над 400 милиони евра, новата фабрика ќе започне со производство во првата половина од 2019 година, со годишен капацитет за 120.000 возила. Во погоните е предвидено да се произведуваат и автомобили со електричен погон, коишто наидуваат на растечки интерес на пазарот во Кина.

Од почетокот на производството на CR-V во 2004 година, Dongfeng Honda го прошири своето производствено портфолио со Civic во 2006 година, а од минатата година и со компактниот теренец XR-V. Вклучувајќи ги новиот Civic и компактот Gienia, вкупната продажба во Кина годинава ќе надмине 560.000 возила.

Третата фабрика ќе го зголеми производствениот капацитет на Dongfeng Honda на вкупно 600.000 возила. Вклучувајќи ги шестотините илјади примероци од Guangqi Honda и уште 50.000 возила од Honda Automobile, вкупниот капацитет на јапонската марка во Кина ќе достигне 1,25 милион примероци.

Dongfeng Honda Automobile Co., Ltd.

Основање: јули 2003

Инвестиран капитал: 560 милиони долари

Сопственички удели: 50% Dongfeng Motor Group Co., Ltd., 40% Honda Motor Co., Ltd., 10% Honda Motor (China) Investment Co., Ltd.

Локација: Вухан, Провинција Хубеи, Кина

Управител: Ацуши Фуџимото

Работен персонал: Околу 9.800

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Rinspeed знае најдобро како ќе се вози во иднината

Mercedes-AMG GT R извозе нов рекорд на Нирбургринг