Јапонците досега го користеа турбо натполнењето само кај дизелските мотори, но оваа стратегија ќе се промени. Honda најави нови бензинци, сите со турбонатполнење.
Нова генерација бензински мотори од Honda го здогледа светлото на денот на салонот во Токио. Таа ќе се состои од три бензинци со заедничка техничка основа и зафатнина од еден, 1,5 и 2,0 литри. Сите мотори имаат турбонатполнење, директно впрскување и варијабилно управување со брегастите вратила VTEC. Премиерата ќе биде во следната година во спортскиот модел Civic Type R, каде што ќе работи дволитарец со турбо и најмалку 280 КС. Претходникот имаше атмосферски дволитарец со 201 КС и концепт на високи вртежи.
Најголемиот производител на мотоцикли во светот досега покажуваше скепса во поглед на турбо натполнењето. Во актуелната европска понуда нема ниту еден бензинец со турбо. Тоа ќе се промени драстично во иднина, со новата генерација турбо бензинци, со широк дијапазон на моќност и потенцијал за вградување во целата моделска гама, од Jazz до Accord.