154
20 shares, 154 points

Honda претстави две нови верзии на CBR1000 Fireblade SP на салонот на мотоцикли Интермот во Келн. Пред 25 години, Honda воведе голема револуција на сцената на спортските мотоцикли со CBR 900 R Fireblade. За одбележување на јубилејот, Fireblade доби повеќе коњски сили, тежината му се намали на 195 килограми, а не отсуствува и солидна доза најмодерна електроника.

Новите моделски годишта на CBR1000RR Fireblade SP и на верзијата SP-2, којашто е изработена заради хомологација за мотоспорт, стапуваат на сцената на супербајк. Концептот на Fireblade е замислен како спој на возни својства, агилност и врвна управливост. Инженерите на Honda за новото моделско годиште на Fireblade останаа верни на концептот и се фокусираа на оптимизација на соодносот меѓу тежината и моќноста. Успехот се огледува во тежината намалена за 15 килограми и моќноста зголемена за 11 КС, односно 14 проценти, што се апсолутно најдобри вредности во историјата на моделот.

Девет степени на контрола на тракција којашто реагира зависно од налегнувањето, пет степени на моќност и три програми за возење

Новото моделско годиште на CBR1000RR Fireblade SP со полн резервоар тежи 195 КС и располага со 192 КС. Во опремата на SP спаѓаат резервоар и издув од титан, полуактивна амортизација од Öhlins и изобилство од електронски системи за асистенција: Три програми за возење, селектор за моќност со пет различни степени, девет степени за контролата на тракција којашто се раководи според наведнувањето на мотоциклот, можност за дотерување на моторното сопирање, нов АВЅ со функција за свијоци, брз-шифтер и асистенција за префрлување во понизок степен.

Honda дополнително го нуди SP-2 како супербајк. Варијантата наменета за трки и викенд возачи е изработена заради хомологација за трки. Покрај лесни бандажи Marchesini, тркачката варијанта на Fireblade располага и со мотор со модифицирана глава. Вентилите, коморите за согорување и клиповите се модифицирани за тркачка примена и уште повисоки перформанси, коишто може да се постигнат со опционалниот тркачки кит.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

154
20 shares, 154 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *