за

Honda има симулатор на возење како никој друг

honda симулатор возење

Во европскиот центар на Honda се поставува симулатор на возење кој посредува пореално чувство на возење и попрецизно мерење на силите во возењето.

Honda е првиот производител на автомобили што ја користи новата технологија на симулатори за возење, наречена DiM250. Постоечките системи обично користат технологија од симулатори за летање, со шест активатори и со шест таканаречени степени на слобода. Новиот систем на Honda користи девет активатори. На тој начин се постигнува поголема верност во симулацијата на возењето, возните својства и забрзувањето на возилото.

Развојниот центар на Honda во германскиот Офенбах ќе го користи симулаторот првенствено за усовршување на динамиката и комфорот. Новата алатка ќе биде добредојдена и во развојот и тестирањето на системи за асистенција, на ракувањето со кокпитот, на моторите и системите за автономно возење. Уште една предност на DiM250 е можноста сите тимови да соработуваат на во исто време на заедничка развојна платформа.

Симулаторот на Honda лизга на воздушни перници, место да користи дополнителни механички врски

Системот е дизајниран од специјалистот за софтверски симулации VI-grade, а произведен е во Saginomiya, една од водечките фирми за автоматски контроли. Уште една иновација е тоа што платформата лизга на воздушни перници, место да користи дополнителни механички врски.

Инженерите ќе можат веднаш да ги тестираат сите подобрувања при развојот на возилото, уште пред да биде изработен неговиот прототип. Покрај тоа, на симулаторот ќе може да се изведуваат и најразлични возачки сценарија, заради тестирање на системите за безбедност и за асистенција.

Симулаторот ќе почне со работа во европскиот развоен центар на Honda во Офенбах во втората половина од следната година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

rac p-51 рачни часовници mustang

Рачни часовници од делови од стар Mustang

shell полначи за електрични возила

Shell се придружува во поставувањето полначи за електрични возила