129
18 shares, 129 points

Малите теренци се во тренд. Honda не го пропушта трендот и со Vezel ќе им се приклучи на Opel Mokka и Chevrolet Trax. Но, требa малку трпение. Vezel доаѓа во Европа во 2015 година.

Honda денес го претстави најавениот модел Vezel, како мини теренец што обединува квалитети на повеќе концепти на возила. Јапонците ќе објават повеќе детали за моделот на 19-ти декември, еден ден пред официјалниот почеток на продажбата на домашниот пазар. За моделот што се впушта во конкурентска битка со Opel Mokka, Chevrolet Trax, Renault Captur и Nissan Juke, Honda тврди дека комбинира динамика на спортски теренец, елеганција на купе и практичност на миниван.

Во Јапонија Vezel ќе биде достапен уште од старт во хибридната верзија, покрај стандардниот модел со 1,5-литарски бензинец со директно впрскување и турбо натполнење. Техничката основа на динамичниот кросовер потекнува од новата генерација на Jazz. Бензинецот од 1,5 литар ослободува 110 КС и во хибридот е надополнет со електромотор со 30 КС. Менувачот е директно поврзан со електромоторот и со седумстепен менувач со двојна спојка.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

129
18 shares, 129 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

2 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  1. izvinete na recnikot, no site makedonski portali za avtomobili imaat malku “mrtvi” i nekreativni recenzii za avtomobilite, kade sekoj avtomobil e uspesen, bez razlika vo koja kategorija se natprevaruva…osven slikite koi se dosta kvalitetni, golema zabeleska kon podatocite koi mozat da se najdat bilo kade na internet

    1. Почитуван, ќе ни претставува задоволство да прегледате повеќе содржини на порталот. Информациите на Automedia.mk се добиваат директно од службата за односи со медиуми на производителите, како и од агенциите. Како што е наведено во објавата, повеќе официјални информации за Honda Vezel ќе следуваат на 19-ти декември.