141
19 shares, 141 points

Уделот на хибриди меѓу такси возилата во Берлин лани изнесуваше 26 проценти. Годинава нивниот број е уште поголем, но за тоа има голема заслуга и масивната државна субвенција во висина од 5.000 евра.

Расте бројот на такси автомобили во Берлин, што освен обичен мотор вклучуваат и електромотор во погонската спрега. Од повеќе од 8.000 такси возила во германската престолнина, лани околу 26% биле хибридни автомобили. Според градските власти, годинава процентот на овие возила надминува 30 проценти. Оттаму наведуваат дека хибридните возила се особено популарни меѓу такси компаниите. Една од причините за тоа, секако дека е субвенцијата, со којашто возилата со погон на две срца доаѓаат во ценовна предност во споредба со автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

Такси компаниите во Берлин од средината на минатата година добиваат ценовно олеснување во висина од 5.000 евра, доколку ги заменат своите дизел автомобили со норма Еуро 5 и послаба, со хибридни автомобили. Бидејќи во погонската спрега на овие возила најчесто работи бензински мотор, емисијата на азотни оксиди се намалува значително во споредба со возилата со дизел. Во неколку германски градови постои или се планира забрана за пристап за стари дизели, во подрачјата во коишто е висока загаденоста со штетниот гас.

Не се пропушта: Хибриден рап за Toyota

Skoda Superb iV е хибрид што кај нас може да биде ослободен од 10% акциза

Тест: Toyota Corolla 1.8 Hybrid Executive Plus


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

141
19 shares, 141 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *