за

Хибридите најпродавани алтернативци, трипати повеќе од плагин-хибридите

Lexus UX 250h

Моделите со хибриден погон и натаму се најпродавани во категоријата на автомобили со електрифицирана погонска спрега. Во споредба со плагин-хибридите, кои доживеаја позабележлив раст првенствено поради субвенциите во повеќе европски држави, со кои се надоместува дел од нивната драстично повисока цена, хибридите постигнуваат речиси трикратно повисока продажба.

Најголемите промени во продажните статистики од автомобилскиот пазар веќе подолго време не се случуваат кај каросериските изведби или одделните класи на возила, туку кај видот на погон. Според официјалните податоци, во октомври на 27-те најголеми пазари во Европа биле продадени 61.200 автомобили со хибриден погон или 27% повеќе отколку во истиот месец лани. Кај чисто електричните автомобили, забележана е октомвриска продажба од 24.200 возила или +32% повеќе од лани. Статистиката пријавува и голем пораст во продажбата на плагин-хибридите, но плусот од 79 проценти (вкупно 23.800 возила) во октомври, повеќе е исклучок, отколку тренд. Во подолга временска рамка, „плагините“ сепак имаат мал пад во продажбата.

Вкупно во октомври се продале 115.700 автомобили со електрифицирана погонска спрега на европскиот пазар, што е за 41% повеќе отколку во истиот месец во 2018 година; Хибридите, плагин-хибридите и „батериските“ автомобили во меѓувреме учествуваат со речиси 10% во вкупната европска продажба

Статистиката јасно покажува дека доминацијата на возилата со хибриден погон во делот на возила со „алтернативен погон“ продолжува, вклучувајќи и натамошно зголемување на продажбата. Меѓу петте најпродавани модели со хибриден погон, четири се модели на Toyota, еден е модел на Land Rover. Само овие четири модели на пионерот на хибридниот погон учествуваат со близу 56% во вкупната продажба во овој сегмент. Покрај хибридите од сопствената престижна марка на Toyota, Lexus, останати модели во оваа категорија се Ford Mondeo, Honda CR-V, Hyundai Ioniq, Hyundai Kona и Kia Niro.

Продажбите на водечките 5 модели во трите категории ги наведуваме во посебните табели подолу

Уште еден значаен тренд е во соодносот во продажбата на моделите со бензински и со дизел мотор. По некогашната доминација на дизелот, учеството на овој вид мотори во вкупната продажба денес е намалено на само 31 проценти. Промената е значајна дури и во споредба со ланскиот октомври, кога дизелот учествувал со 34 проценти во вкупната продажба.

New item by Automedia MK / Google Photos

Новиот тренд е јасен, возачите продолжуваат да го напуштаат дизелот и избираат возила со бензински мотор, а уште почесто се решаваат за модел што има електромотор во погонската спрега. На праг да постигнат учество од 10 проценти, прашање е дали статистиката уште треба да ги води автомобилите со хибриден, плагин-хибриден или електричен погон во категоријата на возила со алтернативен погон.

Како што наближува стапувањето во сила на новите и уште построги норми за издувни гасови, трендот на „алтернативците“ ќе зајакнува сé повеќе. Прашање на време е кога хибридите, „плагините“ и електричните ќе го престигнат продажниот удел на дизелите.

Топ 5 Најпродавани модели со хибриден погон (HEV)

Марка и модел

Примероци

Toyota Corolla

11.123

Toyota Yaris

9.121

Toyota C-HR

8.050

Toyota RAV4

5.867

Range Rover Evoque

3.016

Топ 5 Најпродавани модели со плагин хибриден погон (PHEV)

Марка и модел

Примероци

Mitsubishi Outlander

2.617

BMW серија 3

2.201

Mercedes E-Class

2.176

Porsche Cayenne

2.006

Volvo XC60

1.563

Топ 5 Најпродавани модели со електричен погон (BEV)

Марка и модел

Примероци

Renault Zoe

3.454

VW Golf

2.961

Nissan Leaf

2.898

BMW i3

2.598

Smart Fortwo

1.899

New item by Automedia MK / Google Photos

Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 1)

Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин

Тест · Volkswagen Passat GTE: Примерниот играч што стана револуционер

По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bugatti_chiron_noir

Специјален Bugatti Chiron зашто е црн и има славен предок

scania 730s

Scania исто има своја S-Class, но со сменет редослед