за

Hennessey Venom со нов брзински рекорд: 435 km/h!

Трката меѓу Bugatti и американскиот тјунер Hennessey Performance веќе е легендарна. Американците повторно се во предност. Нивниот Venom е најбрзиот автомобил на светот.

Со 1.244 коњски сили може да се направат многу работи. Може на пример да се разлути Bugatti. Американскиот тјунер Hennessey Performance со својот модел Venom го урна брзинскиот рекорд за спортски автомобили од сериско производство во Вселенскиот центар Кенеди во САД. Новиот рекорд сега гласи 270,49 милји на час, односно околу 435 километри на час. Со тоа повторно е победен Bugatti Veyron Super Sport, со неговите 269,86 милји на час.

Рекордот е поставен на слетна писта за Спејс Шатл долга 5,2 километри. Мал проблем е тоа што најбрзиот автомобил на светот не може да се впише во Гинисовата книга на рекорди, затоа што правилата налагаат возењето да се повтори двапати и тоа во спротивни насоки. Домаќинот НАСА дозволил Venom само еднаш да ја искористи нивната патека. Друг проблем е тоа што Hennessey уште нема произведено 30 примероци од Venom, што е уште еден предуслов за впишување во Гинис. Американците сепак се задоволни и во нивното соопштение за печат пишуваат: „Да беше патеката подолга за една милја, веројатно ќе постигневме дури 450 километри на час.“ Се чини дека трката штотуку почнува.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дизелска Fiesta и бензински Focus се шампиони во штедливост

Нови времиња: Ford Focus претставен на саем за мобилни телефони