117
16 shares, 117 points

Чудната американска работилница Hennessey повторно ќе ја напаѓа титулата на Bugatti за најбрз автомобил во светот. На тјунинг-панаѓурот во Лас Вегас ќе биде претставен новиот Venom F5, кој до премиерата на 1-ви ноември можеби и ќе се докаже способен да постигне 300 милји на час.

Според приказната на Џон Хенеси, шеф на тјунерската работилница од Тексас, тој во 2014 година, на салонот во Женева имал средба со тогашниот шеф на Bugatti, Волфганг Дирхајмер. Џон не наведува што се случувало во тој разговор, но оттогаш наводно започнува трката меѓу Hennessey и Bugatti за најбрзиот автомобил во светот. Нешто во оваа приказна „мириса“ на легендарната препирка меѓу Феручио Ламборгини и Енцо Ферари, којашто инаку никогаш не се случила. Каубојците можеби веруваат дека светот ќе ја прифати приказната за наводната трка со Bugatti како сериозна. Во Алзас веројатно се запознаени дека се наоѓаат во „трка“ со Hennessey.

Првиот обид на Hennessey не беше доволно убедлив за Гинис

Сепак се случи Тексашаните во 2014 година да постигнат повисока крајна брзина од тогашниот Bugatti Veyron, но достигнувањето не беше доволно уверливо за претставниците од Гинис. Рекордот на Venom GT не беше признаен.

Hennessey сега има нов автомобил. Venom F5, именуван според ознаката за торнадо од 5-та категорија, не е базиран врз Lotus Exige за разлика од Venom GT, туку станува збор за комплетно нова конструкција. Специјално за новиот автомобил е основана нова компанија под името Hennessey Special Vehicles, којашто ќе биде задолжена за производството, продажбата и сервисирањето на возилата.

Фирмата поседува и сопствена „тест-патека“, правец во должина од 400 метри

Според најавите од Тексас, во новиот Venom F5 се користат лесни материјали и постигната е врвна аеродинамичност. Како доказ за последново тврдење, на најавното видео се забележува дека навистина е посветено многу труд во подрачјето на аеродинамиката – преку компјутерска симулација. За возило што треба да постигне брзина блиску до 500 километри на час, сепак би било поубедливо на аеродинамиката да се работело во воздушен тунел и илјадници километри да се минати во дотерувањето на последниот детал.

Амбициите на Hennessey се очигледни. Venom F5 ќе биде претставен пред публиката на саемот за тјунинг во Лас Вегас на 1-ви ноември (1.11.) во 11 часот. Светот со нетрпение го очекува новиот број 1, кој на правец можеби и ќе биде побрз од Bugatti Chiron.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

117
16 shares, 117 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730