за

Haval достигна тримилионска продукција за моделот H6

Haval H6 достигна тримилионска продукција
Haval H6 достигна тримилионска продукција

Големината на домашниот пазар им дозволува на кинеските производители да напредуваат брзо со развојот на новите генерации возила. За помалку од десет години, СУВ-моделот од средната класа Haval H6 веќе надмина продукција од три милиони. Во меѓувреме има и нов модел, достапен и кај нас.

За претстава околу марката Haval, повеќе помага кога ќе се спомне нејзиниот концерн, односно Great Wall Motors. Станува збор за премиум марка во рамките на кинескиот концерн, чијашто понуда се состои строго од СУВ-модели. Името Great Wall кај нас стана познато по градскиот модел Voleex, по пикапот Steed и по СУВ-моделот Hover H5. Во меѓувреме, работите се сменети драстично и концернот веќе нуди и електрични возила, под марката Wey.

Сите овие промени во рамките на кинескиот концерн се разјаснуваат кога ќе се земат предвид бројките за продукцијата за домашниот пазар, но и за извоз. Haval H6, од лансирањето на првата генерација во 2011 година, до крајот на декември лани надмина продукција од 3 милиони. Прославата во мега-стилот на кинеската традиција изостана поради тоа што земјата во тие моменти се соочуваше со најголемиот удар од корона-кризата. Но, фактот останува, Haval H6 со ова достигнување ќе се спомнува во автомобилската историја.

Тоа е воедно и првиот автомобил од кинеска продукција што има достигнато тримилионска продукција. Уште еден предизвик што ќе треба да го совладаат конкурентите се осумте години во коишто се произведени трите милиони примероци од моделот.

Haval H6 е меѓу десетте најпродавани СУВ-модели во светот веќе пет години во низа

Следниве податоци ќе изненадат многумина: Haval H6 е меѓу десетте најпродавани СУВ-модели во светски (!) рамки во минатите пет години; Месечната продажба на домашниот пазар во континуитет надминува 80.000 примероци; Седум години во низа е најпродаван СУВ на кинескиот пазар; Рекордот од 80.495 возила на месечно ниво значи дека по еден автомобил се продавал во Кина на секои 33 секунди.

Во периодот меѓу 2015 и 2019 година, Haval H6 постојано постигнувал висок пласман во оценувањето на задоволството на корисниците на моделот во Кина.

Во деценијата од стартот на Haval како премиум-марка во рамките на Great Wall Motors, нејзините модели се извезувани во повеќе од 60 држави ширум светот. Вкупната продажба на Haval изнесува близу шест милиони возила досега. Многу се вложува во развојот. Компанијата има центри за истражување и развој во Јапонија, Германија, Индија, Австрија и Јужна Кореја.

Уште една голема вест што ја соопштија од Great Wall при одбележувањето на трите милиони за H6 е фактот што тоа е прва кинеска компанија што има изградено фабрика за целосно производство на автомобили надвор од земјата, конкретно во Тула, Русија. Монтажа на возилата на Haval за локалните пазари се врши во погоните во Малезија, Еквадор, Тунис и др. Продажната мрежа во меѓувреме надминува 500 дилери ширум светот.

Понудата за Haval H6 кај Толту Моторс стартува од 22.400 евра, за верзија со 163 КС со менувач со двојна спојка

Haval H6 веќе стартуваше во втората генерација, а веќе неколку месеци се наоѓа и во понудата на увозникот Толту Моторс. Од гледиште на дизајнот, постигнат е голем напредок, исто како и во технологијата. Понудата за овој СУВ од средна класа почнува од 22.400 евра, за изведба со 1,5-литарски турбо бензинец со 163 КС и 7-степен менувач со двојна спојка. Просечната потрошувачка на гориво според фабрика изнесува 7,7 литри, емисијата ја исполнува нормата Еуро 6.

Во понуда има и модел со дволитарски мотор со 190 КС и исто така со менувач со двојна спојка, со разлика во цената од 2.000 евра со основниот мотор. Клима уред, паркинг сензори, пристап и старт без клуч, алу-бандажи од 18 инчи и мултимедиски дисплеј од 9,0 инчи се вклучени уште во основното ниво на опрема. Пакетот го заокружува и традиционално дарежливата гаранција на Great Wall, во времетраење до 5 години или 150.000 километри.

>>> До домашната веб-страница за моделот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори

One Ping

  1. Pingback:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Клубот АДАК ѝ призна врвна штедливост на Skoda Octavia 1.5 TSI

Клубот АДАК ѝ призна врвна штедливост на Skoda Octavia 1.5 TSI

ecaravan електричен авион

Прв лет на најголемиот електричен авион во светот