124
17 shares, 124 points

Швајцарскиот кабаретист, новинар и претприемач Мишел фон Тел постави нов рекорд за електрични мотоцикли. Тој за 24 часа мина 1.723 километри по отворени патишта со Harley-Davidson Livewire. Претходниот рекорд беше за 406 километри покус и го поставија седум возачи на затворен пат, со електричен мотоцикл Zero.

Појдовна точка на маратонот со првиот електричен мотоцикл од големосериски производител беше Цирих. Првото полнење на батеријата беше извршено во близина на Штутгарт, во Германија, второто полнење следеше во градот Зинген.

Рекордерскиот возач потоа возеше шестпати долж автопатот А81, меѓу Штутгарт и Зинген. Последната етапа продолжи до градот Зиден, за по вкупно 23 часа и 48 минути, вклучувајќи осум брзи полнењa, подвигот да продолжи низ Австрија и да заврши во Линтехштајн.

Livewire користи електромотор со моќност од 55 kW (75 КС) и батерија од 13,6 kWh. Крајната брзина е ограничена електронски на 180 km/h, со едно полнење во нормални услови на возење се постигнува досег до 180 километри. На брз полнач (Level 3 DC), батеријата се полни целосно за само еден час.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

124
17 shares, 124 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *