за

Harley-Davidson нема среќа со електричниот мотоцикл

harley davidson LiveWire
harley davidson LiveWire

На американската марка мотоцикли Harley-Davidson несомнено ќе ѝ помогнеше многу ако пазарот реагираше исто толку одушевено на електричниот LiveWire како на традиционалните модели со мотор VTwin. Меѓутоа излегоа проблеми уште во самиот старт на испораката.

Американскиот производител на мотоцикли Harley-Davidson го запре производството на својот прв електричен мотоцикл LiveWire. Проблемот бил утвртен при последните проверки на квалитетот. Повеќе детали не се соопштуваат, но ситуацијата е сериозна. Harley-Davidson се соочува со намалена продажба и целта беше со новиот мотоцикл со електричен погон да се привлечат нови и помлади купувачи, за продажбата да се врати во нормални рамки.

Според интерно писмо, коешто го цитира „Вол Стрит Журнал“, проблемот е во полначот за мотоциклот што чини 30.000 долари. Не се соопштува датум кога повторно би продолжиле испораките на LiveWire. Според производителот, прво мора да се извршат дополнителни тестови и анализи.

Harley-Davidson го претстави мотоциклот во јануари, на саемот за потрошувачка електроника ЦЕС во Лас Вегас, заедно со јапонскиот електронски концерн Panasonic.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Transit Plug-in Hybrid Köln Geofencing- Blockchain

Тестови на Ford: Достава со хибридни комбиња за почист воздух

Салонот во Франкфурт во 2021 година ќе се одржува во цел град

Салонот во Франкфурт во 2021 година ќе се одржува во цел град