125
18 shares, 125 points

BMW прв повлече чекор, а сега и Harley-Davidson ќе продава достапен модел со мал мотор за големите пазари во Азија.

Производителот на култните американски мотоцикли најави модел со зафатнина од 338 сантиметри кубни. Мотоциклот ќе почне да се продава кон крајот на 2020 година, во соработка со локалниот партнер Qianjiang. Потоа ќе се покријат уште неколку пазари.

Подетални технички податоци уште не се објавени. Малечкиот Harley има за цел, глобалната продажба на марката да се зголеми за 50 проценти во следните осум години. Лани марката продаде 27% повеќе мотоцикли отколку во 2017 година. Qianjiang пред извесно време стана сопственик на познатата италијанска марка Benelli.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

125
18 shares, 125 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *