143
20 shares, 143 points

Седнуваме зад воланот, климата ја пуштаме на најстудено и возењето нека почне. Не толку брзо. Овие погрешни навики треба да се избегнуваат при ракувањето со клима уредот

Температурата во кабината на автомобилот во летниот период може да надмине и 70 степени Целсиузови. Притоа, возењето со „студена глава“ не е само фраза. Способноста на возачот да реагира, при температура од 35 oC се намалува за 20 проценти во споредба со времето при 25 оС. За тоа да го разбереме уште подобро: Ова намалување на реакцијата е исто како возачот да има 0,5 промил алкохол во крвта.

Тоа е само една од причините зошто клима уредот е најважната ставка во возилото во текот на летото – но, не само во лето. Некои од навиките што ги имаме стекнато при ракувањето со климата сепак се погрешни. Што може да се направи погрешно, освен клима уредот да се пушти на најстудено и да се ужива во пријатното ветре во кабината, додека надвор владејат пеколни температури? Може, и тоа неколку работи.

Најчести грешки при ракувањето со клима уредот 1

Ова се најголемите грешки при ракувањето со клима уредот

1. Паркирање на директно сонце

Тоа е дефинитивно советот што ги разубедува возачите да читаат вакви мудрувања околу клима-уредот. Сепак може да се преземе нешто, иако ефектот е минимален. Доколку возилото мора да се остави на сонце, може да се внимава опашот на возилото да биде изложен на директно сонце. Значи, обично препаркирање може да смени нешто. Рефлектирачките штитници за сонце што се прицврстуваат врз ветробранот исто така можат да бидат од мала помош.

2. Седнување во возилото и пуштање на климата на најстудено и најсилно

Се заштедува многу гориво и време, доколку автомобилот се проветри пред поаѓањето. Отворете ги сите прозорци и врати, багажникот исто така (за дводелна каросерија) и пуштете врелиот воздух да излезе. Потоа е многу полесно и побрзо за клима уредот да ја постигне саканата температура.

3. Вклучување на рециркулацијата на воздухот

Единствениот ефект од вклучувањето на рециркулацијата е тоа што ќе се замаглат стаклата. Оваа функција на вентилацијата е наменета првенствено за заштита од непријатни миризби или при минување низ подрачје со поголема загаденост и треба да остане вклучена само неколку минути.

4. Клима уредот служи само за високи температури

Клима уредот е корисен и наутро, кога температурите се подносливи. Како што времето затоплува, така и стаклата почнуваат да замаглуваат – тие се студени, топлиот воздух нагло се лади при допир со нив и влагата што ја носи со себе ја остава врз стаклата. Тоа се спречува со вклучувањето на климата, затоа што таа ја регулира и влажноста во кабината. Единствено што треба да се внимава е температурата на клима уредот да се постави на малку потопло, отколку подоцна кога ќе фатат жештините.

5. Поставување на отворите за проветрување да дуваат директно во лице

Отворите за проветрување секогаш треба да се насочуваат нагоре, заради рамномерно стуење на воздухот во кабината. Доколку тие се насочат директно кон лице, доволни се само неколку минути за да се почувствува здрвеност во вратот, па дури и главоболка. При подолго изложување трпат и мускулите.

6. Клима уредот не мора да се сервисира

Исто како и секоја друг систем во возилото, клима уредот бара редовно одржување. Филтерот треба да се заменува согласно препораките во прирачникот за возилото, па дури и почесто – поради големата локална аерозагаденост во нашите градови. Сервисната проверка е од суштинско значење, затоа што недостиг од средство за ладење во системот води директно кон негово оштетување.

7. Клима уредот останува вклучен до крајот на возењето

Доколку не се внимава, во клима уредот се појавуваат габи и бактерии, а тоа води кон алергија и смрдеа. За тоа да се избегне, треба да се внимава клима уредот да се изгасне неколку минути пред крајот на возењето – на тој начин не останува влажност во системот, којшто е совршена подлога за бактериите и габите.

Кога и на клима уредот му станува жешко

Совети: Клима-уредот се гасне пред да заврши возењето

Клима уредот може да биде извор на бактерии во кабината


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

143
20 shares, 143 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743