за

Вреди ли купување грејна подлошка за седишта?

грејна подлошка седиште автомобил

Вградените грејачи во седиштата се благодат зиме, затоа што почнуваат да работат веднаш, за разлика од греењето на кабината, за коешто се потребни неколку минути додека проструи млак воздух. Но, грејачите ретко се стандард и за нив обично се доплаќа меѓу 300 и 400 евра при купување нов автомобил, најчесто во пакет со греење на прскалките за ветробранот.

Решение имаат продавниците за авто-прибор, кои нудат грејачи и до дваесетпати поевтино. Германскиот магазин АУТО БИЛД тестираше девет грејни подлошки, во ценовен дијапазон меѓу единаесет и 54 евра. За грејачите да се постават на седиштето, потребни се само неколку минути. По прицврстувањето на подлошката, единствено преостанува грејачот да се поврзе со 12-волтниот приклучок и греењето може да почне.

Магазинот АУТО БИЛД критикува дека најскапиот модел, производ на Kingleting, разочарал уште при отпакувањето. Грејната површина е широка само 30 сантиметри и тука не помага скапата кожена облога. Сличен проблем има и кај подлошката од APA, која е доволно широка, но страничните делови остануваат студени. Друг проблем има производот на HP Autozubehor, кој постигнува само 25 степени Целзиусови.

Според тестирањето на АУТО БИЛД, подобар избор се грејните подлошки од марките Ok Cars и Dometic (Mobicool). Тие се загреваат брзо и рамномерно. Победник на тестот е подлошката од Mobicool, којашто дополнително поентира со квалитетната изработка и со комфорот, а нуди и подршка за слабинскиот дел. Некои подлошки можат да доведат до опасност. Таков е случајот кај Lescars, чијшто ластици можат да го попречат отворањето на страничните воздушни перници.

На што да се внимава при изборот на грејните подлошки:

При купување грејна подлошка за седиште треба да се внимава да одговара формата и подлошката да не лизга. Доколку се вградени воздушни перници во седиштето, ластиците или ремените за затегнување не смее да преминуваат преку нив.

На што да се внимава при користењето:

Некои 12-волтни приклучоци остануваат под напон и при исклучен контакт, поради тоа греењето не смее да се остави вклучено, инаку акумулаторот ќе се испразни целосно.

Заклучок на АУТО БИЛД

Грејните подлошки за седишта не изгледаат особено привлечно, но во зима е најважно тие да грејат. А, тоа се случува брзо и без проблеми. При поставувањето не заборавајте на страничните воздушни перници во седиштата.

Оцени за грејните подлошки на тест

Забелешка на редакцијата: Клик на фотографијата од производите што се наведени подолу води до деталното претставување на производот на страницата на нашиот партнер Amazon.de. Врската не води кон директно купување на производот

Lescars KSA-200.h • Цена: 29,90 Евра • Димензии: 980 x 390 mm • Грејна моќ: 2,5/5 ѕвезди • Ракување: 0*/5 ѕвезди • Комфор: 3,5/5 ѕвезди • Вкупна оцена: 2/5 ѕвезди • Заклучок: Прицврстувањето го попречува функционирањето на страничните воздушни перници. Минус бодови поради заслепувачката диода, слабото прицврстување и малата ширина.
* Се одземаат сите бодови, поради попречувањето на воздушната перница

Клик на фотографијата од производите што се наведени подолу води до деталното претставување на производот на страницата на нашиот партнер Amazon.de. Врската не води кон директно купување на производот

Cartrend Грејна подлошка, основна изведба • Цена: 10,99 Евра • Димензии: 830 x 410 mm • Грејна моќ: 4/5 ѕвезди • Ракување: 2,5/5 ѕвезди • Комфор: 1/5 ѕвезди • Вкупна оцена: 2,5/5 ѕвезди • Заклучок: Најевтиниот кандидат има и најслаба изработка. Премал е, облогата е неудобна и нема степени на греење. Штета!

(производот моментно не е достапен)

Kingleting, грејна облога • Цена: 53,99 Euro • Димензии: 1270 x 300 mm • Грејна моќ: 4/5 ѕвезди • Ракување: 3/5 ѕвезди • Комфор: 3,5/5 ѕвезди • Вкупна оцена: 3,5/5 ѕвезди • Заклучок: Големи се очекувањата покрај цената од преку 50 евра. Грејната површина е претесна, кабелот е прекус.

Клик на фотографијата од производите што се наведени подолу води до деталното претставување на производот на страницата на нашиот партнер Amazon.de. Врската не води кон директно купување на производот

HP Подлошка за седиште • Цена: 24,95 Евра • Димензии: 1040 x 390 mm • Грејна моќ: 3,5/5 ѕвезди • Ракување: 4/5 ѕвезди • Комфор: 3,5/5 ѕвезди • Вкупна оцена: 3,5/5 ѕвезди • Заклучок: Температура од само 25 степени и премногу тесно.

Клик на фотографијата од производите што се наведени подолу води до деталното претставување на производот на страницата на нашиот партнер Amazon.de. Врската не води кон директно купување на производот

Cartrend грејач за седишта, комфорна изведба • Цена: 19,95 Евра • Димензии: 970 x 440 mm • Грејна моќ: 3/5 ѕвезди • Ракување: 4/5 ѕвезди • Комфор: 4,5/5 ѕвезди • Вкупна оцена: 4/5 ѕвезди • Заклучок: Страниците остануваат студени, а некои места од седечката површина се премногу жешки. Ракувањето и квалитетот се во ред.

Клик на фотографијата од производите што се наведени подолу води до деталното претставување на производот на страницата на нашиот партнер Amazon.de. Врската не води кон директно купување на производот

Walser WarmUp • Цена: 19,99 Евра • Димензии: 930 x 430 mm • Грејна моќ: 3/5 ѕвезди • Ракување: 4,5/5 ѕвезди • Комфор: 4/5 ѕвезди • Вкупна оцена: 4/5 ѕвезди • Заклучок: Добро прицврстување, но губи бодови поради слабата грејна моќ.

Клик на фотографијата од производите што се наведени подолу води до деталното претставување на производот на страницата на нашиот партнер Amazon.de. Врската не води кон директно купување на производот

APA Подлошка за седиште со грејач • Цена: 17,49 Евра • Димензии: 1000 x 450 mm • Грејна моќ: 4,5/5 ѕвезди • Ракување: 4/5 ѕвезди • Комфор: 3,5/5 ѕвезди • Вкупна оцена: 4/5 ѕвезди • Заклучок: Не грее до самите рабови, но затоа брзо се загрева. Солидна подлошка.

(производот моментно не е достапен)

Ok Cars Подлошка за седиште со грејач • Цена: 17,45 Евра • Димензии: 1040 x 430 mm • Грејна моќ: 5/5 ѕвезди • Ракување: 4/5 ѕвезди • Комфор: 4/5 ѕвезди • Вкупна оцена: 4,5/5 ѕвезди • Заклучок: Добра грејна моќ, солидно прицврстување, квалитетна облога.

Клик на фотографијата од производите што се наведени подолу води до деталното претставување на производот на страницата на нашиот партнер Amazon.de. Врската не води кон директно купување на производот

Mobicool MH 40S • Цена: 34,99 Евра • Димензии: 980 x 440 mm • Грејна моќ: 4,5/5 ѕвезди • Ракување: 5/5 ѕвезди • Комфор: 5/5 ѕвезди • Вкупна оцена: 5/5 ѕвезди • Заклучок: Најмногу се издвојува со рамномерното греење. Промислено сместување на кабелот, сигурно прицврстување и удобна облога. Победник на тестот.

Клик на фотографијата од производите што се наведени подолу води до деталното претставување на производот на страницата на нашиот партнер Amazon.de. Врската не води кон директно купување на производот

Рисивер од Pioneer го претвора телефонот во дисплеј во кокпитот

Сега и бебињата имаат сопствен Mercedes

Колку се заштедува со избор на бензинец место дизел?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

skoda octavia combi scout 4x4

Skoda во јануари испорачала над 100.000 возила

ariv elektricen velosiped 1

General Motors започнува со продажба на електрични велосипеди