за

Great Wall Motors прв во светот ќе вградува автопилот со лидар

great wall motors wey lidar ibeo
great wall motors wey lidar ibeo

Германската компанија Ibeo е прв снабдувач чијашто лидарска технологија за автопилотирано возење ќе се вградува во сериски модел. Напредната технологија што го заменува возачот зад воланот ќе ја користи кинескиот Great Wall Motors во идните модели од СУВ-марката Wey.

Кинескиот концерн Great Wall Motors прв ќе вградува лидарска технологија за автопилотирано возење во сериски автомобил. Технологијата пристига од германскиот специјалист Ibeo и ќе се вградува во идните сериски модели на СУВ-марката Wey. За производството на сензорите и на контролната единица е задолжен познатиот ZF, додека развојот на самиот систем за автономно возење, Great Wall го довери на сопствениот огранок Haomo, кој е специјалист за автопилотирано возење.

Конкретно станува збор за автопилотирано возење од Ниво 3, што значи дека возачот може целосно да го препушти управувањето на автопилотот и да се посвети на други работи. Возилото може самостојно да запира и забрзува, меѓутоа не е способно да реагира во вонредни ситуации, во кои вештачката интелигенција ќе побара помош од возачот. Кина е најголем автомобилски пазар во светот, со најбрз раст во сегментот на автопилотиано возење.

Great Wall Motors во 2022 година ќе започне со вградување на напредниот автопилот во идните сериски модели од сопствената премиум марка Wey, што е специјализирана за СУВ-модели.

Во рамките на концернот Great Wall Motors спаѓаат автомобилските марки Haval, Great Wall, WEY и Ola, со широк дијапазон на модели, од СУВ и лимузини, до пикап. Концернот произведува во четири фабрики во Кина и располага со 40 подружници ширум светот со вкупно 70.000 вработени.

Great Wall има градско електрично мини за 9.000 евра

great wall ora r1
great wall ora r1

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Ford поставува 750 полначи за струја во фабриките во Келн

Ford поставува 750 полначи за струја во фабриките во Келн

Mercedes E-Class спортски и наелектризиран во Мак Аутостар

Mercedes E-Class спортски и наелектризиран во Мак Аутостар